Најнови вести

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска оствари средба со стафери на Комисијата за надворешна политика на Сенатот на Соединетите Американски Држави, предводени од директорот Крис Соча. На средбата беше разговарано за унапредување на партнерските односи меѓу двете земји и Евро-атлантските перспективи на Република Северна Македонија.

Денеска, за време на Минхенската безбедносна конференција, министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Никола Димитров и министерот за надворешни работи на Грузија, Давид Залкалиани го потпишаа Протоколот за воспоставување дипломатски односи меѓу двете земји.

Министереството за надворешни работи информира дека, денес, 14 февруари 2019 година, Република Северна Македонија согласно обврските од Конечната Спогодба ги достави трите вербални ноти: Вербална нота од Постојаната мисија до Протоколот на ОН, Вербална нота од Постојаната мисија до земјите членки и земјите набљудувачи на ОН и Вербална нота од Министерството за надворешни работи до сите меѓународни, мултилатерални и регионални организации, со кои се информира за настанатите промени.

Заменик-министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, денеска оствари средба со вонредниот и ополномоштен амбасадор на Јапонија во Република Северна Македонија, г-ѓа Кеико Ханеда.

 

Заменик-министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, денеска оствари средба со  вонредниот и ополномоштен амбасадор на Украина во Република Македонија, г-ѓа Наталија Задорожњук.

 

По исполнување на сите правни услови за влегување во сила на Конечната Спогодба и Уставните амандмани, Владата на Република Македонија, ќе го објави во Службен весник датумот на влегување во сила на Уставните амандмани и Уставниот закон.

 

На покана на Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг,  министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров денес учествуваше на состанокот на Северно-атлантскиот совет по повод потпишувањето на Пристапниот протокол за членство на Република Македонија во НАТО, што се одржа во седиштето на НАТО во Брисел.

Заменик министерот за надворешни работи на Република Македонија, Андреј Жерновски,  оствари средба со Генералниот Секретар на Централно Европската Иницијатива, сенаторот Роберто Антоњоне, во придружба на неговите соработници од Секретаријат на ЦЕИ во Трст. На средбата, заменикот Жерновски му упати честитки и му посака успешна работа на оваа негова нова функција, Генерален Секретар на ЦЕИ. ЗМНР Жерновски истакна дека оваа година е јубилеј од 30 години постоење на Централно-европската иницијатива (ЦЕИ) и претставува прв  и најстар регионален форум. Од самиот свој почеток, ЦЕИ се залага и промовира процеси на европска интеграција и придонесува за севкупниот напредок на своите членки.

Во рамки на работната посета на Вашингтон, министерот за надворешни работи Никола Димитров, вчера, во Стејт Департментот имаше средба со помошникот државен секретар за Европа, Вес Мичел. Министерот Димитров го запозна со актуелностите врзани со имплементацијата на Преспанскиот договор, како и претстојните активности околу ратификацијата на Пристапниот протокол за членство на Република Македонија во НАТО. Притоа, МНР Димитров го изрази очекувањето дека набргу ќе следи и ратификација на протоколот во Сенатот на САД. Помошникот државен секретар Мичел оцени дека склучувањето на Преспанскиот договор и неговото извесно стапување во сила, проследено со  зачленувањето на Република Македонија во НАТО, се историски мигови на исклучителни постигнувања, со кои нашата земја треба да се гордее. Посебно го нагласи очекувањето дека овие постигнувања ќе имаат позитивно влијание врз стабилноста и просперитетот на целиот регион.

На покана на Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Федерика Могерини и министерот за надворешни работи на Романија, Теодор Мелешкану, во својство на земја претседавач со Советот на ЕУ, министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, учествуваше на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија и земјите-кандидати, што вчера и денеска се одржа во Букурешт.

Конзуларни услуги