Најнови вести

МНР Никола Димитров, денес одржа средба со делегација од Брисел од составот на работните групи COWEB (за Западен Балкан) и COELA (за проширување) од Европската унија. Делегацијата од COWEB/COELA е во работна посета на Република Северна Македонија, во организација на Делегацијата на ЕУ во Скопје и Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, со цел размена на мислења и презентација на тековните достигнувања во делот на реформите поврзани со европската агенда на земјата.

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денес оствари средба со генералниот секретар на Јадранско-јонската иницијатива (ЈЈИ), амбасадорот Џовани Кастеланета, придрижуван од Иван Иванишчевиќ, Генерален директор за мултилатерала во МНР на Црна Гора, во функција на претседавач со оваа иницијатива.

 

Во организација на Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, денес се одржува вториот последователен Семинар за билатерални прашања во рамки на Берлинскиот процес, по минатогодишниот семинар во Виена.

 

Во рамките на 16-от мешовит парламентарен комитет меѓу Република Северна Македонија и Европската унија, кој денес се одржа во Стразбур, се усвои  документ со кој се препорачува почеток на преговорите со Република Северна Македонија за членство во Европската унија. Исто така, во усвоениот документот е констатиран напредок во клучните области на владеење на правото, безбедносните и разузнавачките служби, реформата на јавната администрација и борбата против организираниот криминал и корупцијата, што претставува солидна основа за следниот извештај на Европската комисија и ќе обезбеди позитивна клима пред јунските самити на Советот на ЕУ. 

Заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, во рамки на посетата на Европскиот парламент во Стразбур, оствари повеќе средби со евро-пратеници од различни политички групи. Покрај Едуард Кукан (ЕПП, Словачка) и Иво Вајгл (АЛДЕ, Словенија), кои се известители за нашата држава, се сретна и со Илхан Кјучук (АЛДЕ, Бугарија), Кати Пири (СД, Холандија) и Виктор Боштинару (СД, Романија).

Државниот секретар во МНР на Република Северна Македонија, Виктор Димовски, учествуваше на 106-та сесија на Постојаниот Совет на меѓународната организација на Франкофонијата која се одржа на 26 март 2019 година во Париз.

 

За време на еднодневната работна посета на покана на Универзитетот во Грац, вчера министерот Димитров одржа предавање отворено за јавност, на тема „До Европа преку Преспа: Европската интеграција на Северна Македонија.“ Во таа прилика, МНР Димитров истакна: „Преспа отстрани пречка во нашите односи со Грција, но истовремено изгради и мост кон ЕУ интеграцијата на нашата земја. Со Преспанскиот Договор постигнавме нешто што Шуман, еден од идејните татковци на Европската унија би го опишал како “де факто солидарност преку конкретни дела”. Дополнително, Министерот Димитров зборуваше и за реформските чекори кои активно се преземаат на патот кон ЕУ интеграцијата.

Земајќи ги предвид обврските за примена на одредбите од Преспанскиот договор, Делегациите на Република Северна Македонија и на Грција во Заедничкиот Комитет имаа суштинска дебата и усвоија интензивен работен план за постигнувањето на заеднички прифатените решенија, врз основа на принципите и целите на УНЕСКО и Советот на Европа за оваа материја.

По повод апостолската посета на Светиот Отец, Папата Франциск во Република Северна Македонија, денеска во галеријата на НУ „Спомен-куќа на Св. Мајка Тереза“ во Скопје, се одржа прес-конференција на која државниот секретар во Министерството за надворешни работи, Виктор Димовски и Монс. Киро Стојанов, скопски бискуп и струмичко-скопски епарх, информираа за програмата на претстојната посета.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, денес оствари работна средба со ополномоштеникот на Сојузното министерството за надворешни работи на Германија за Југоисточна Европа, Турција и за ЕФТА-државите, Кристиан Хелбах и со ополномоштеникот за ЕУ политики,  Томас Осовски, кои престојуваат во работна посета на Република Северна Македонија.

Конзуларни услуги