Најнови вести

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, денеска го прими во проштална средба амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Матс Стафансон, пред завршување на неговиот мандат и заминување од земјата.

 

Денес во Министерството за надворешни работи, во присуство на министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Никола Димитров и амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Скопје, Кејт Брнз беше свечено одбележана 230-годишнината од основањето на американскиот Стејт Департмент. По овој повод, министерот Димитров и амбасадорката Брнз отворија  изложба на избрани фотографии кои сведочат за континуираното пријателство меѓу двете земји од воспоставувањето на дипломатските односи до денес.

Заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за европски прашања, Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров, денес остварија работна посета на Копенхаген, Кралството Данска, при што имаа одделни средби со министерот за надворешни работи, Јепе Кофод, како и со г-ѓа Вибеке Пастернак Јоргенсен, главна советничка за европски прашања на премиерката Мете Фредериксен. На средбите, ЗПВРСМ Османи и МНР Димитров реферираа за политичките актуелности во земјата, за постигнатиот напредок во клучните реформски области, во создавањето на добрососедските односи, но и во зацврстувањето на внатрешната стабилност, како основа за подготвеноста на земјата за почеток на пристапните преговори со Европската Унија во октомври оваа година.

 

На традиционалниот фестивал “One Love Tour”, кој се одржа денеска на 15 август 2019 година во Струмица, присуствуваа заменик министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија г-дин Андреј Жерновски, а во име на Република Бугарија, заменикот премиер и министер за надворешни работи г-ѓа Екатерина Захариева.

 

Денес во Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, беше промовиран контакт центарот за итни ситуации, наречен Глобал СОС.

 

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Никола Димитров, денеска ја прими во проштална средба Нејзината Екселенција, г-ѓа Јин Лисјен, амбасадорка на Народна Република Кина во Република Северна Македонија, пред нејзиното заминување од земјата.

 

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Никола Димитров, денес оствари средба со амбасадорот Стефан Дион, специјален пратеник на Премиерот на Канада за Европска Унија  и Европа.

 

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија Никола Димитров, денес имаше проштална средба со амбасадорот на Република Литванија во Република Северна Македонија, со седиште во Будимпешта, Раса Каириене.

 

Денеска во Њујорк се воспоставија дипломатски односи меѓу Република Северна Македонија и Република Кореја. Заедничкото коминике за воспоставување дипломатски односи го потпишаа вршителот на работите во Постојаната мисија на Република Северна Македонија при Обединетите нации, Сања Зографска-Крстеска  и постојаниот претставник и амбасадор на Република Кореја при ОН, Н.Е. Чо Тае-јул.

На маргините на конференцијата на Економист, која вчера и денес се одржува во Атина, МНР Никола Димитров разговораше со својот кипарски колега, МНР Никос Христодулидис, на кој беше договорен датумот за воспоставување дипломатски односи помеѓу Република Северна Македонија и Република Кипар, на крајот на август, за време на овогодинешниот министерски состанок (Гимних) во Финска.

 

Конзуларни услуги