Најнови вести

Денес, министерот за надворешни работи Никола Димитров учествуваше на работен појадок со резидентни амбасадори на земји членки на ЕУ, организиран од страна на амбасадорката на Република Австрија во Република Македонија, Н.Е. Ренате Коблер, во својство на земја претседавач со Совет на ЕУ.

 

Денес во Министерството за надворешни работи беше потпишан Меморандум за соработка меѓу Министерството за надворешни работи и Инфо центарот за евроатлантски интеграции. Со овој документ ќе се воспостави меѓусебна соработка во интерес на промоција на евроатлантските интеграции која што ќе обезбеди простор за активен дијалог и дебата, како и организирање на промотивни настани и други активности.

На последниот ден од работната посета на Париз, министерот за надворешни работи Никола Димитров, имаше обраќање во Фондацијата Роберт Шуман на тема „Европската перспектива на Македонија по Договорот со Грција” по кое следеше дискусија со поканетите гости, претставници од дипломатскиот кор, политичката и медиумската сфера на Франција.

Денес во Париз, министерот за надворешни работи Никола Димитров, учествуваше на состанокот на високо ниво на француско-германската иницијатива за борба против недозволена трговија со лесно оружје во земјите од Западен Балкан, на покана од францускиот Министер за надворешни работи до Министрите за надворешни и внатрешни работи на 6-те земји од З.Балкан. Состанокот беше воден од страна на МНР на Франција, Жан-Ив Ле Дриан и МНР на Германија, Хајко Мас, а на истиот покрај Министри од Регионот учествуваа и Министри од земји членки на ЕУ и други високи претставници на земји донатори и на меѓународни организации.

 

Делегација на Република Македонија, предводена од државниот секретар во Министерството за надворешни работи Виктор Димовски, учествуваше на Меѓувладината конференција за усвојување на Глобалниот компакт за безбедна, уредна и  редовна миграција, што на 10 и 11 декември се одржува во Мaракеш, Мароко. Глобалниот компакт е подготвен под покровителство на Обединетите нации и ги опфаќа сите димензии на меѓународната миграција.

Годинава, на 10 декември, кога светот го одбележува Денот на човековите права, се навршуваат 70 години од усвојувањето на Универзалната декларација за човекови права-камен темелникот на меѓународните стандарди за нивна промоција и заштита преку принципите на еднаквост, недискриминација и универзалност. Мотото „Заложи се за човековите права“ јасно повикува на активен однос на поединците и општествата кон обезбедување еднаквост, правда и човечко достоинство.

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денес го прими амбасадорот Ангел Ангелов, кој ги предаде копиите од акредитивните писма за неговото именување како вонреден и ополномоштен Амбасадор на Република Бугарија во Република Македонија.

 

Заменик министерот за надворешни работи на Република Македонија,  Андреј Жерновски, кој ја предводеше делегацијата од Република Македонија на Министерскиот совет на ОБСЕ во Милано, имаше свое обраќање во кое се осврна на актуелните предизвици со кои се соочува Организацијата, како и за модалитетите за поефикасно справување со овие предизвици.

Работната посета на МНР Димитров на Брисел заврши со средби во седиштето на Европската комисија, со Федерика Могерини, ВП на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на ЕК, и со Јоханес Хан, комесар за европска соседска политика и проширување.

 

Денес, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на покана на Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во седиштето на НАТО во Брисел учествуваше на состанокот на Северно-Атлантскиот Совет на НАТО на ниво на министри за надворешни работи со земјите контрибутори во мисијата Решителна поддршка во Авганистан.

Конзуларни услуги