Најнови вести

На вториот ден од работната посета на Брисел, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на маргините од министерскиот состанок, до сега, оствари повеќе билатерални средби и тоа со: алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Џорџ Катругалос, МНР на Унгарија, Петер Сијарто, МНР на Кралството Холандија, Стеф Блок и МНР на Грузија, Давид Залкалиани.

Претпладнево, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, одржа работен брифинг со групата „Пријатели на Македонија“ во Европскиот парламент, предводена од европратеникот Ханс Ван Бален (АЛДЕ).

На третата средба, која се одржа во Софија, Заедничката комисија дискутираше за историски личности и настани за заедничко одбележување од страна на владите на Република Македонија и Република Бугарија.

 

Од денеска (1 декември 2018) на граѓаните на Република Македонија и Босна и Херцеговина им се овозможува влез во двете држави и со лична карта.

 

Министерот Никола Димитров вчера и денеска (29-30 ноември 2018) во Будва учествуваше на состанок на Министрите за надворешни работи на Западен Балкан, во организација на МНР на Црна Гора.

 

На 28 ноември 2018 во Министерството за надворешни работи на Република Македонија беше поставена изложбата “Возобновување на полската дипломатска служба 1917-1921”.

 

Вчера во Бразилија беа одржани политички консултации помеѓу Република Македонија и Федеративната Република Бразил. Делегациите на двете земји ги предводеа државниот секретар на Министерството за надворешни работи на Република Македонија, Виктор Димовски и генералниот потсекретар при бразилското МНР, амбасадорот Алесандро Кардеас. Политичките консултации коиндицидираат со одбележувањето на дваесетте години од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу Македонија и Бразил.

Во рамките на работната посета на Бразил, државниот секретар во Министерството за надворешни работи Виктор Димовски, денеска во Бразилија имаше средба со номинираниот министер за надворешни работи на Бразил, Ернесто Араужо, кој што ќе стапи на функција на 1 јануари 2019 година, со инаугурацијата на новоизбраниот бразилски претседател Жаир Болсонаро.

Во врска со информациите за оштетување на гранични камења на граничната линија на македонско-грчката граница од ГК 132 до ГК 147, Министерството за надворешни работи на Република Македонија, информира дека претставници на македонскиот дел на граничната Комисија за Сектор 3 и 4, заедно со претставници на грчките министерства за внатрешни работи и за одбрана, на 24 ноември 2018 година, излегоа на терен и констатираа дека се изместени и оштетени гранични камења во должина од 12 километри.

Денес, министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, го прими во проштална средба амбасадорот на Црна Гора во Република Македонија, Предраг Митровиќ.

 

Конзуларни услуги