На првиот ден од работната посета на Брисел, МНР Никола Димитров учествуваше на работен појадок со министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ и МНР на Албанија, во организација на грчкиот министер за надворешни работи, Никос Дендиас.
Министерот за надворешни работи Никола Димитров, на 9 и 10 декември 2019 год. ќе престојува во работна посета на Брисел.
Во понеделник, министерот Димитров ќе учествува на работен појадок со министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ и МНР на Албанија, во организација на грчкиот министер за надворешни работи, Никос Дендиас.
Денес во Берлин, министерот за надворешни работи Никола Димитров учествуваше на конференцијата „Балкански дијалози“ во ко-организација на Минхенската безбедносна конференција, EAST WEST Институтот и Белградскиот фонд за политичка извонредност (BFPE).
Денеска, заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, присуствуваше и се обрати со говор на отворањето на конференцијата – Научените лекции од Познан 2019: пред ко-претседавањето со Берлински процес 2020, Северна Македонија- Бугарија.
Заменикот министер за надворешни работи на Република Северна Македонија, Андреј Жерновски, го прими Дејвид Спроул, генерален директор за европски и евро-азиски прашања во Министерството за надворешни работи на Канада.
Mинистерот за надворешни работи Никола Димитров учествува на 26-от Министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), којшто денес и утре се одржува во Братислава, Словачка.
Заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, денеска учествуваше на тркалезна маса на тема „EU accession: no pass to an impasse?" (Пристапување во ЕУ: нема излез од ќорсокак?"), организирана од Институтот за европска политика – Скопје (ЕПИ).
На пленарните состаноци на Меѓународната алијанса за сеќавање на холокаустот (ИХРА) кои се одржаа во периодот од 2-5 декември 2019 година, во Луксембург, едногласно беше усвоена одлуката за подигнување на статусот на Република Северна Македонија од земја набљудувач, во придружена земја, а како преодна фаза кон полноправно членство.
Информираме дека Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија подготви нацрт-текст на Предлог-закон за надворешни работи, кој денес е објавен на Единствениот Национален електронски регистар на прописи (www.ener.gov.mk), како и на интернет страницата на Министерството (www.mfa.gov.mk)).
Министерот за надворешни работи Никола Димитров денес во британскиот Форин офис се сретна со државниот министер за Европа и Америка на Обединетото Кралство, Кристофер Пинчер. Ова е прва средба на двата министри по стапувањето на должност на Пинчер во јули оваа година.