Соопштенија

Соопштенија до јавноста

По повод одбележувањето на јубилејот 20 години од воспоставувањето на дипломатските односи на Република Македонија со 19 земји, меѓу кои и со Јапонија, министерот за надворешни работи, Никола Попоски оствари средба со амбасадорот на Јапонија во РМ со седиште во Виена, Макото Такетоши.

Денеска, 15 септември 2014 година, министерот за надворешни работи Никола Попоски го прими амбасадорот на Ирска за Република Македонија, Џерард Кор.

  

Денеска, по повод одбележувањето на 20-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Република Македонија и Социјалистичка Република Виетнам, заменик министерот за надворешни работи на Република Македонија, Драгана Кипријановска оствари средба со амбасадорот на СР Виетнам во Република Македонија, со седиште во Софија, Ле Дук Лу.

Денес министерот за надворешни работи, Никола Попоски го прими Британскиот и Германскиот амбасадор, Чарлс Гарет и Кристине Алтхаузер. Во оваа прилика, тие му врачија покана за учество на шестата конференција на министри за надворешни работи од ЈИЕ, во организација на Аспен Институтот.

Заменик министерот за надворешни работи на Република Македонија, Драгана Кипријановска, на 8 и 9 октомври 2014 година престојуваше во Берлин, СР Германија, при што учествуваше на конференцијата која ја организираше Аспен Институтот под мотото „Партнери во лидерство“, а по повод одбележувањето на 40 годишнината од своето постоење.

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски денеска оствари средба со Сер Ендјру Барнс  актуелен претседавач на ИХРА- Меѓународна алијанса за сеќавање на Холокаустот.  Делегацијата  предводена од Ендрју Барнс,  кој воедно е и специјален пратеник на Обединетото Кралство за прашањата на пост Холокаустот, престојува во тридневна посета на Република Македонија во рамките на регионалната турнеа.

Под покровителство на министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, на терените на Тенискиот клуб АБЦ во Скопје, на 11 октомври 2014 година се одржа 18-тиот дипломатски тениски турнир, на кој учествуваа претставници од амбасадите на САД, Руската Федерација, Франција, Кина, Швајцарија, Украина, Словенија, Словачка, Делегацијата на ЕУ, како и вработени во Министерството за надворешни работи на Република Македонија.

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, г-дин Никола Попоски денес оствари средба со висока делегација од Претставничкиот дом на Конгресот на Соединетите Американски Држави. Делегацијата, предводена од конгресменот од Охајо, Мајкл Тарнер, престојува во работна посета на нашата држава.

Денес, министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски престојуваше во официјална посета на Црна Гора. На средбата со својот домаќин Лукшиќ, беше констатирано дека Црна Гора и Македонија имаат пријателски односи и исти приоритети, при што министрите Попоски и Лукшиќ ја потврдија потребата за креирање на заеднички пристап за унапредувањето на економската соработка, како и за привлекувањето на странски инвестиции.

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски денеска ги прими копиите на акредитивните писма на новиот амбасадор на Република Турција во Република Македонија Омур Шолендил.

 

Конзуларни услуги