Соопштенија

Соопштенија до јавноста

Средба на МНР Димитров со амбасадорот Жорж Сантер, претседавач со Меѓународната алијанса за сеќавање на Холокаустот – ИХРА.

 

На 11 март 2019  година, заменик министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Андреј Жерновски оствари средба со амбасадорот на Република Словенија во Република Северна Македонија, Милан Јазбец.

 

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, во името на Владата на Република Северна Македонија, денес положи цвеќе на споменикот на 7.144 македонски Евреи кои во 1943 година беа присилно собрани во просториите на тогашниот Монопол и беа испратени во логорот на смртта Треблинка.

 

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи, Виктор Димовски, кој престојува во работна посета на Канада, покрај средбите во канадското Министерство за надворешни работи оствари средби и разговори со Брајан Меј, пратеник во Долниот Дом и претседавач на Интерпарламентарната група за пријателство со нашата земја во Канадскиот парламент, како и со претседателот и потпретседателот на НАТО асоцијацијата на Канада, Роберт Беинс и Мајкл Ворд.

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска, оствари средба  со алтернативната министерка за надворешни работи на Грција, Сиа Анагностопулу, која вчера и денес престојува во работна посета на Република Северна Македонија.

 

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи, Виктор Димовски, од 04-07 март, престојуваше во работна посета на Канада, при што беа остварени средби со Јан Шугарт, Заменик министер за надворешни работи и Алисон Леклер, Генерален директор за Источна Европа и Евроазија во канадското МНР.

 

Во просториите на германската амбасада во Скопје, беше отворена книга на жалост по повод смртта на поранешниот министер за надворешни работи на Германија, Клаус Кинкел.

Во име на министерството за надворешни работи на  Република Северна  Македонија, заменик министерот Андреј Жерновски ја посети германската амбасада и се потпиша во книгата на жалост.

Заменик министерот за надворешни работи на Република Северна  Македонија, г-дин Андреј Жерновски денес оствари средба со вонредниот и ополномоштен амбасадор на Соединетите Мексикански Држави со седиште во Белград, г-дин Марко Антонио Гарсија Бланко (Marco Antonio García Blanco).

 

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денес оствари средба со Филип Рикер, цивилен заменик и политички советник на командантот на Европската команда на Воените сили на САД.

 

Денеска, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, оствари средба со вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Чешка во Република Северна Македонија, Мирослав Томан.

 

Конзуларни услуги