Соопштенија

Соопштенија до јавноста

На 1-ви март 2019 година во Загреб, Република Хрватска се одржа 13-тиот Состанок на националните координатори на Процесот 16+1, на кој учествуваше делегација на нашата земја предводена од Државниот секретар во Министерството за надворешни работи, Виктор Димовски.

 

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Никола Димитров, на 1 и 2 март 2019 година, учествуваше на 4-от „Делфи економски форум“, кој оваа година се одржува од 28 февруари до 3 март во Делфи, Грција.

 

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи, Виктор Димовски кој престојува во Загреб на Средбата на националните координатори на Процесот 16 плус 1, денес се сретна со Државниот секретар за Европа во хрватското министерство за надворешни работи, Андреа Метелко Згомбиќ.

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи, Виктор Димовски денеска оствари средба со делегација на Грчкото Министерство за надворешни работи предводена од Јанис Брахос, Генерален секретар за меѓународни и економски односи.

 

Делегација на Министерството за надворешни работи, предводена од заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, во периодот од 25 до 27 февруари 2019 год. престојуваше во Женева, каде што учествуваше на сегментот на високо ниво на 40-та сесија на Советот за човекови права на ОН.

На покана  на министерот за надворешни работи, Никола Димитров, вчера и денес (26 и 27 февруари 2019г.), во работна посета на Република Северна Македонија престојуваше Гент Цакај, овластен министер за Европа и надворешни работи на Република Албанија.

 

На 26 и 27 февруари 2018 година во Софија, Република Бугарија се одржа редовниот состанок на Мешовитата комисијата за чување, одржување, обновување и обележување  на  граничната линија и граничните ознаки на државната граница.

 

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денес го прими во проштална средба aмбасадорот на САД во Република Северна Македонија, Џес Бејли.

 

Денеска, министерот за надворешни работи Никола Димитров, оствари средба со Натали Лoазо, министерка за европски прашања на Француската Република, која престојува во прва работна посета на Република Северна Македонија.

 

Денеска, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, оствари средба со естонскиот заменик министер за европски прашања Мати Масикас.

Средбата следеше по одржаните ЕУ консултации меѓу двете земји во Министерството за надворешни работи. На средбата се разговараше за евро-атлантската агенда на Република Северна Македонија и предизвиците на процесот на проширување на ЕУ во следните неколку месеци.

Конзуларни услуги