Соопштенија

Соопштенија до јавноста

На покана на министерот за надворешни работи Никола Димитров, на 28 и 29 јануари 2019 година, во официјална возвратна посета на Република Македонија престојува министерот за надворешни работи на Република Литванија, Линас Линкевичиус.

 

На 32-та сесија на РГ за Универзалниот периодичен преглед во Палатата на нациите во Женева, македонската владина делегација во чиј состав беа претставници на министерствата, во текот на вчерашниот ден го презентираше третиот Национален извештај за Универзалниот периодичен преглед за имплементација на политиките поврзани со почитување на човековите права во Република Македонија.

Денес, министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, оствари средба со претседателот на Собранието на Црна Гора, Иван Брајовиќ, кој престојува во официјална посета на Република Македонија.

 

На 22 јануари 2019 година во Киев беа одржани политички консултации помеѓу Министерствата за надворешни работи на Република Македонија и Украина, предводени од државниот секретар на Министерството за надворешни работи на Република Македонија, Виктор Димовски и заменик-министерот за надворешни работи на Украина, Васил Боднар.

 

Денес,  МНР Димитров оствари средба со новиот Генерален секретар на Советот за регионална соработка, Мајлинда Брегу. На средбата Министерот изнесе задоволство од визијата и планот за понатамошни активности, како во однос на нејзините приоритети и идните активности на регионален план, така и во насока на заеднички напредок на Регионот: „Ни претстои уште една важна година како регион. Силно сме посветени на заедничката работа која ќе вроди регионални придобивки. Подготвени сме да бидеме дел од напредокот секогаш кога напредок е можен.“

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, денеска имаше средба со Помошник на Генералниот секретар на НАТО за разузнавање и безбедност, Арндт Фрајтаг фон Лорингхофен кој престојува во работна посета на Република Македонија.

 

Заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, денеска го прими новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Гана во Република Македонија, со седиште во Прага, Вирџинија Хесе.

 

На покана на претседателот на Комисијата за одбрана и безбедност во Собранието на Република Македонија и Амбасадата на Република Словенија во Република Македонија, денеска, Министерот Димитров учествуваше на панел дискусија насловена „НАТО - повеќе од Алијанса за стабилност и безбедност“, што се одржа во Собранието на Република Македонија.

Денес, министерот за надворешни работи, Никола Димитров оствари средба со министерот за одбрана на Република Словенија, Карл Ерјавец, кој престојува во официјална посета на Република Македонија.

 

На последниот ден од работната посета на Анкара, министерот за надворешни работи Никола Димитров, положи венец во Мавзолејот на Мустафа Кемал Ататурк и во име на Република Македонија, оддаде почит на таткото на Република Турција, заокружувајќи ја својата посета.

 

Конзуларни услуги