Соопштенија

Соопштенија до јавноста

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Република Македонија, Виктор Димовски, денеска ги прими копиите на акредитивните писма од новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Гана за Република Македонија, со седиште во Прага,  Н.Е. г-ѓа Вирџинија Хесе.

 

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Република Македонија, Виктор Димовски, денеска ги прими копиите на акредитивните писма од новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Уганда за Република Македонија, Н.Е. г-ѓа Елизабет Паула Напејок.

 

На 17 јануари 2019 година, државниот секретар во Mинистерството за надворешни работи, Виктор Димовски ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Суверениот воен болнички ред на Свети Јован од Ерусалим, Родос и Малта за Република Македонија со седиште во Рим, Франческо Саверио Џусти.

 

Денес во Министерството за надворешни работи, државниот секретар Виктор Димовски ги прими копиите од акредитивните писма на вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Естонија во Република Македонија, со седиште во Будимпешта, Кристи Карелсон.

 

Во рамки на работната посета на Анкара, министерот за надворешни работи Никола Димитров, денеска се сретна со министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевљут Чавушоглу, како и со претседателот на Големото народно Собрание на Република Турција, Бинали Јилдирим, а претстојат средби со министерот за одбрана, Хулуси Акар и високи претставници во Кабинетот на претседателот Ердоган.

Денес, во Министерството за надворешни работи на Република Македонија, на шефот на Канцеларијата за врски на Грција во Република Македонија, му беше предадена Вербална нота со која, согласно членот 20 став 3 од Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) И 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите Нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 г. и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните (Конечната спогодба) се информира грчката страна дека во Република Македонија се исполнети внатрешно правните услови за влегување во сила на Конечната спогодба и дека Собранието на Република Македонија на 11 јануари 2019 г. ја усвои Oдлуката за прогласување на амандманите XXXIII, XXXIV, XXXV, XXXVI на Уставот на Република Македонија и Одлуката за прогласување на уставниот закон за спроведување на амандманите од XXXIII до XXXVI на Уставот на Република Македонија.

По повод Коментарот на Департманот за информирање на Министерството за надворешни работи на Руската Федерација од 14 јануари 2019 година, во врска со усвојувањето на измените на Уставот на Република Македонија, Министерството за надворешни работи на Република Македонија со жалење констатира дека и покрај толку горливи проблеми во денешниот свет, Департманот за информирање на Министерството за надворешни работи на Руската Федерација повторно, во негативен контекст, апострофира автентични политички процеси во две соседни земји, кои водат кон решавање на проблеми, зацврстување доверба и градење пријателство.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска беше домаќин на традиционалниот Новогодишен прием за дипломатскиот кор во Република Македонија. На приемот, покрај  Министерот се обрати и доајенот на дипломатскиот кор во Република Македонија, амбасадорот на Кралството Шведска, Матс Стафансон.

 

Министерството за надворешни работи на Република Македонија информира дека денес, 29 декември 2018 година, е објавен Јавниот оглас број379/2018 за вработување на 26 (дваесет и шест) административни службеници во Министерството за надворешни работи (дипломати - приправници и помошно -стручни службеници).

Во рамките на работната посета на Брисел, министерот за надворешни работи, Никола Димитров одржа средба со постојаните претставници на земјите членки на Европската унија (КОРЕПЕР), во организација на постојаниот претставник на Австрија, во својство на претседавач со Советот на Европската Унија.

 

Конзуларни услуги