Соопштенија

Соопштенија до јавноста

Во Астана, Република Казахстан се оддржаа политички консултации меѓу министерствата за надворешни работи на Република Македонија и на Република Казахстан, што ги водеа замениците министри за надворешни работи на двете земји, Андреј Жерновски и Роман Василенко.

 

Државниот секретар во МНР Виктор Димовски ја предводи делегацијата на Република Македонија која учествува на 17-от Самит на Меѓунароната организација на Франкофонијата кој на 11 и 12 Октомври се одржува во Ереван, Ерменија.

 

Денеска, министерот за надворешни работи на Република Македонија – Никола Димитров имаше средба со амбасадорот Јан Петерсен, шеф на Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ ODIHR за Референдумот.

 

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи, Виктор Димовски, учествува на министерската Конференција на Меѓународната организација на Франкофонијата која на 8 и 9 Октомври 2018 година се одржува во Ереван, Ерменија.

 

Во организација на Министерството за надворешни работи на Република Македонија и Дипломатскиот клуб, на 6 октомври 2018 год., по 22-ри пат беше одржан Дипломатски турнир во тенис, кој традиционално се одржува по повод државниот празник „11 Октомври“.

 

Заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски,  денес го прими  амбасадорот  на  Народна Република Кина во РМ,  г-ѓа Јин Лисиен.

 

Дали е факт дека на референдумот не гласаа повеќе од половината граѓани (903.169) од вкупно запишаните на избирачкиот список (1.806.336)? Да.

 

Денес, Државниот секретар во Министерството за надворешни работи Виктор Димовски учествуваше на третиот состанок на Европската служба за надворешни работи со политичките директори на земјите од Западен Балкан (WB6).

 

Денеска, заменик министерот за надворешни работи на Република Македонија, Андреј Жерновски, ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Полска во Република Македонија, г-дин Војчех Јежи Тичињски.

 

Министерството за надворешни работи најостро ги осудува малициозните обиди за ширење лажни вести и децидно ја демантира дезинформацијата дека министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, дал оставка.

 

Конзуларни услуги