Соопштенија

Соопштенија до јавноста

Денеска на покана на министерот за надворешни работи Никола Димитров, во официјална посета на Република Северна Македонија престојуваше министерот за надворешни работи на Република Чешка, Томаш Петржичек.

 

Денеска во Скопје, заменик министерот Андреј Жерновски беше панелист на “Конференција за Целите за одржлив развој и ЕУ интеграција”. Во своето обраќање ЗМНР Жерновски ги пренесе заложбите и активностите на Владата на Република Северна Македонија на тој план, а посебно улогата што Министерството за надворешни работи ја има како координатор на соработката со системот на ОН при имплементацијата на Целите за одржлив развој. Тој се осврна на Националната стратегија за одржлив развој (НСОР) и приоритетните цели,  истакнувајќи дека целокупната соработка на Владата со Канцеларијата на ОН во Скопје се одвива преку Рамката за развојна соработка на Обединетите нации (УНДАФ) насловена: “Партнерство за одржлив развој (ПОР): Стратегија на ОН за Република Северна Македонија за 2016-2020“.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, денеска оствари работна средба со претставниците на делегацијата на Поткомитетот за транзиција и развој на Парламентарното Собрание на НАТО, кои се во дводневна посета на Република Северна Македонија.

 

На покана на Здружението на дипломирани студенти од Република Северна Македонија во Република Турција и Амбасадата на Република Турција во Скопје, денес министерот за надворешни работи, Никола Димитров, учествуваше, како почесен гостин, на работниот доручек на тема „Македонската надворешна политика во услови на променлива динамика“.

 

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, придружуван од Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, министерот за надворешни работи, Никола Димитров и заменик министерот за култура, Владимир Лазовски е во официјална посета на Република Албанија.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, денес оствари средба со извршниот потпретседател на Светскиот Еврејски Конгрес, Роберт Сингер.

 

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска беше домаќин на неформална дискусија, во рамки на Иницијативата „Младите генерации за Новиот Балкан 2030: Кон Алтернативни Хоризонти“, предводена од Меѓународниот институт за мир, Австрискиот институт за меѓународни односи, Др. Карл Реннер Институт, Адмовере и Фондација Фридрих Еберт, Канцеларија Приштина.

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска се сретна со министерот за Ерусалим и за заштита на животната средина на Државата Израел, Зеев Елкин, кој престојува во Република Северна Македонија по повод одбележувањето на 76 годишнината од Холокаустот на македонските Евреи.

Денес, министерот за надворешни работи, Никола Димитров,  оствари средба со Шефот на Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР за претстојните претседателски избори, Корнелија Јонкер.

 

Средба на МНР Димитров со амбасадорот Жорж Сантер, претседавач со Меѓународната алијанса за сеќавање на Холокаустот – ИХРА.

 

Конзуларни услуги