Министерство за надворешни работи

Наша заложба е да ги промовираме и застапуваме нашите интереси на меѓународен план. Евро-атлантската и европската интеграција се главни приоритети во нашето работење, воедно залагајќи се за безбеден, стабилен и просперитетен регион, како и развивање на поширока билатерална и мултилатерална соработка. Претставуваме сервис на граѓаните, обезбедувајќи конзуларни услуги за нашите државјани во странство.

Најнови вести

Османи на средба со Чавушоглу на маргините од состанокот на ПСЈИЕ

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, оствари билатерална средба со министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевлут Чавушоглу, на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи, учесници во Процесот за соработка на Југоисточна Европа, кој се одржува во Анталија, Турција. Министрите заклучија дека двете земји негуваат долго и блиско пријателство, без никакви отворени прашања, а како сојузници во НАТО, се поврзани и со исти вредности по однос на мирот и стабилноста во регионот, преку добрососедски односи и регионална соработка. На средбата, особено внимание беше посветено на исклучително добрата економска соработка меѓу двете земји, при што министрите се обврзаа на активности кои ќе придонесат кон продлабочување на деловните и трговски врски. Турција како еден од најголемите странски инвеститори во земјата е од посебен наш интерес и во тој контекст, Османи го информираше Чавушоглу за одлуката за упатување на економски советник, кој во рамките на нашата Амбасада во Анкара, ќе работи исклучиво на унапредување на економската соработка.

Шефовите на двете дипломатии разговараа и за соработката во областите на, образованието, одбраната, културата, туризмот, но и за борбата против тероризмот и сите форми на екстремизам.

 

Османи од состанокот на ПСЈИЕ во Анталија: Преку регионалната соработка ние ги надминуваме разликите кои го оптоваруваат Регионот

Mинистерот за надворешни работи, Бујар Османи, учествуваше на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), во рамките на турското претседавање 2020-2021, во Анталија, Република Турција. Османи во своето обраќање на состанокот ги изнесе погледите на Република Северна Македонија во однос на актуелните случувања во Регионот и нивното влијание врз целокупната соработка, како и начините за унапредување на истата особено во форматот на ПСЈИЕ. „Поминавме долг пат од започнувањето на Процесот за соработка во Југоисточна Европа. Денес, сите наши држави се усогласуваат со евро-атлантските вредности и се стремат да бидат дел од европското семејство. Покрај нашите основни заложби за мир и стабилност, постигнати се и други важни достигнувања во областа на регионалната соработка, што беше главниот двигател во текот на целиот процес и генерираше значителни резултати. Преку регионална соработка, преку засилена комуникација на сите општествени нивоа, преку економијата, бизнисот, културата па се до политичката комуникација ние ги надминуваме разликите кои го оптоваруваа регионот со опиплив бенефит од успешната регионална соработка“, истакна Османи. Министрите разговараа за приоритетите на турското претседателство со ПСЈИЕ кои во голема мера беа посветени на воспоставување поголема поврзаност на регионот, младината и нејзиното значење во општествата, дигитализација, култура и туризмот, унапредување на регионалната соработка преку јакнење на политичката и економската соработка, како и кон демократијата, владеењето на правото, слободната пазарна економија и почитувањето на фундаменталните човекови права како основни Европски вредности кои остануваат во фокусот на сите земји членки на ПСЈИЕ. ПСЈИЕ брои вкупно 13 земји членки од регионот на Југоисточна Европа кои покрај Северна Македонија се и Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Молдавија, Косово, Романија, Србија, Турција, Хрватска, Црна Гора и Словенија.  

Скопје, 17 јуни 2021 година

Средба Османи-Стоев во Анталија

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денес оствари средба со министерот за надворешни работи на Република Бугарија, Светлан Стоев, на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи, учесници во Процесот за соработка во Југоисточна Европа, во Анталија, Турција.

На средбата соговорниците ги реафирмираа заемните заложби за одржување   континуитет во градењето на добрососедските односи и нивно натамошно унапредување како придонес за стабилноста, безбедноста и просперитетот на регионот. Со особено внимание беа разгледани перспективите за постигнување на исчекор во процесот на европската интеграција на Република Северна Македонија. На средбата беше истакната и заедничката волја за постигнување одржливи резултати во градењето добрососедски односи меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија, за исполнување на очекувањата на граѓаните во двете земји. Соговорниците заклучија дека проширувањето и продлабочувањето на билатералните односи меѓу двете земји е од заеднички интерес и во тој контекст, Османи истакна: “Ние сме целосно посветени и подготвени за унапредување на билатералните односи со Бугарија, за зголемување на соработката и надминување на сите предизвици. Бугарија го поддржуваше напредокот во интеграцијата на Северна Македонија во НАТО како и приближувањето на земјите од Западен Балкан кон Европската унија. Членството на Северна Македонија во ЕУ е стратешки интерес на Република Северна Македонија и Република Бугарија и убедени сме дека двете држави и двете општества ќе изнајдат сили за да ги надминат предизвиците и недоразбирањата, врз основа на европските вредности и поттикнати од силната верба во заедничката иднина, како дел од семејството на европските демократски народи” Османи, денеска, веднаш по завршување на состанокот на министрите за надворешни работи во рамките на ПСЈИЕ, заминува директно за Софија на средби со бугарскиот државен врв, како дел од владината делегација на Република Северна Македонија.

Анталија, 17 јуни 2021

 

Министер за надворешни работи на Република Северна Македонија:

Бујар Османи

Совети при патување во странство

Советите за патувања се извор на информации за граѓаните кои патуваат во други земји. Овие совети ќе ви помогнат да донесете информирани одлуки во врска со вашата безбедност додека престојувате во странство.

Прочитај повеќе
Посети ја Северна Македонија

Прочитај повеќе