Министерство за надворешни работи

Наша заложба е да ги промовираме и застапуваме нашите интереси на меѓународен план. Евро-атлантската и европската интеграција се главни приоритети во нашето работење, воедно залагајќи се за безбеден, стабилен и просперитетен регион, како и развивање на поширока билатерална и мултилатерална соработка. Претставуваме сервис на граѓаните, обезбедувајќи конзуларни услуги за нашите државјани во странство.

Најнови вести

Османи одржа проштална средба со шпанскиот амбасадор, Емилио Лоренцо Сера

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес одржа проштална средба со Амбасадорот на Кралството Шпанија во Северна Македонија, Емилио Лоренцо Сера.  На средбата Османи упати искрена благодарност и му врачи плакета-благодарница за неуморниот ангажман на амбасадорот,Лоренцо Сера во продлабочувањето на односите меѓу двете држави како и за континуираната поддршка што Шпанија ја дава за интеграцијата на Северна Македонија во Европската Унија.  “Имаме одлични и пријателски односи со Кралството Шпанија, а во нашата колективна меморија ќе остане запаметено вонредното ангажирање и одржување на видео-седницата на Сенатот на Шпанија со цел последната ратификација на Протоколот за зачленување на Северна Македонија во НАТО, во март 2020 година, истакна Османи.  Двајцата соговорници разменија мислења и за добрососедските политики во регионот, внатрешно - политичката состојба во земјата како и за други актуелни меѓународни прашања со геополитичка конотација.

 

Скопје, 21 септември 2021 година

Османи на зелена проштална средба со Тејада во градскиот парк

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи, денеска во Градскиот парк имаше зелена проштална средба со амбасадорката на  Швајцарската Конфедерација во Република Северна Македонија, Сибил Сутер Тејада, која го завршува мандатот во земјава. „Високо ја вреднуваме Вашата дипломатска активност, поддршка и личен ангажман во изминатите години. Во наследство на земјата ќе останат  бројни и успешни проекти, благодарение на Вашата посветеност и континуираната билатерaлна поддршка од страна на Швајцарија, која датира од 1992 година“, истакна Османи На средбата соговорниците разговараа и за потенцијалите на најновата Стратегија за Северна Македонија за периодот 2021-2024, со која ќе бидат алоцирани дури 72 милиони швајцарски франци за нашата земја. Овие средства наменети за трите тематски области: демократско управување; вработување и економски развој; инфраструктура и животна средина претставуваат значаен придонес и поттик за развој на општините и институциите во државата. Конкретно, истите ќе бидат наменети за инвестирање во ефективно управување со отпадот, завршување на канализациските мрежи и чиста вода за пиење, гасификација, за повеќе зеленило, повеќе паркови и многу други проекти Соговорниците разговараа за актуелните внатрешно политички состојби во двете земји, состојбите во Регионот и регионалната соработка и неговите европски перспективи.    

Скопје, 20 септември 2021 година

Османи и Грвала потпишаа Договор за соработка во областа на дијаспората

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи и министерката за надворешни работи и дијаспора на Косово, Доника Гeрвала – Шварц денеска потпишаа Договор за соработка во областа на дијаспората.

Договорот се потпиша во рамки на заедничкатa седница на Владите на Република Северна Македонија и на Република Косово во Скопје. Со овој договор се овозможува размена на искуства и активности, имајќи го во предвид значајниот број граѓани од двете држави кои живеат во странство. Денеска се потпишаа 11 договори и меморандуми за соработка, со кои постојниот број од 42 потпишани документи се зголеми на 53.

 

Скопје, 16 септември 2021 год.

Министер за надворешни работи на Република Северна Македонија:

Бујар Османи

Совети при патување во странство

Советите за патувања се извор на информации за граѓаните кои патуваат во други земји. Овие совети ќе ви помогнат да донесете информирани одлуки во врска со вашата безбедност додека престојувате во странство.

Прочитај повеќе
Посети ја Северна Македонија

Прочитај повеќе