Ministry of Foreign Affairs

Our objective is to both promote and advance our interests at the international stage. The Euro-Atlantic and European integration is our key priority, while remaining committed to ensuring a secure, stable, and prosperous region, as well as to furthering the bilateral and multilateral cooperation with all our regional and international partners. We continue providing a variety of consular services for all our nationals abroad.

Latest news

Заврши третата сесија на Министерскиот состанок на ОБСЕ која ја водеше Османи

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, на 29-от состанок на Министерскиот совет на ОБСЕ, што оваа година се одржува во Лоѓ, Полска, на 1 и 2 декември 2022 година, согласно агендата и воспоставената пракса, денес ја води третата пленарна сесија на состанокот, во капацитет на иден претседавач со ОБСЕ. Османи истакна задоволство од продуктивниот тек на разговорите за време на овогодинешниот Министерски совет. Воедно, потенцира дека Северна Македонија е подготвена да го преземе својот дел од одговорноста, имајќи ја привилегијата да биде претседавач со оваа Организација. “На овој пат и нашите успеси и неуспеси ќе бидат ваши. Денешните тешки времиња бараат решителност и посветеност. Затоа, би сакал да ја искористам оваа прилика, да го повикам секој од вас да преземе и критична одговорност“, рече Османи. Исто така, министерот Османи ги покани Министрите за надворешни работи на земјите учеснички на ОБСЕ на идниот Министерски совет кој ќе се одржи во Скопје, потенцирајќи дека предизвиците на ОБСЕ регионот и иднината на Организацијата се значаен повод да се седне околу оваа маса и да се засилат заедничките напори во име на принципите од Хелсинки до кои сите се придржуваат земјите учеснички на ОБСЕ.

ОБСЕ Тројката, Османи, Рау и Билстром заедно со ГС Шмид, на средба со Групата Азиски партнери

Преку зајакнато функционално партнерство против заедничките предизвици

На маргини на 29-от ОБСЕ министерски состанок, Министрите за надворешни работи на Тројката претседавачи, Северна Македонија, Полска и Шведка, Бујар Османи, Збигњев Рау и Тобиас Билстром и генералната секретарка на ОБСЕ Хелга Мариа Шмид остварија средба со Групата Азиски партнери за соработка на ОБСЕ. Соговорниците заедно ја реафирмираа важноста од партнерството и соработката помеѓу Европа и Азија во овие критични времиња и предизвици, по руската инвазија на Украина. “Би сакал да ги поздравам напорите на Шведска, како претседавач со Групата на азиски партнери за соработка на ОБСЕ, во оваа особено тешка година, да дизајнира програма која има за цел зајакнат и отворен дијалог, врз база на постоечките односи и синергии меѓу двата континента, во рамките на нашата Организација” рече Османи. Османи најави дека за време на претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ ќе одржува редовни месечни координации со Азиските партнери, со цел дискусија и размена на мислења за можностите на унапредување на соработката и справувањето со заедничките безбедносни закани и предизвици. Османи, воедно истакна дека Северна Македонија ќе ја координира работата на ОБСЕ, имајќи ги предвид и препораките на партнерите.

Oсмани во Лоѓ на панели за борбата против трговијата со луѓе и климатските промени

Во рамки на неговото учество на 29-от ОБСЕ-министерски состанок во Лоѓ, Полска, министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи се обрати на две тематски панели, “Година во конфликт- обединување на силите за превенција на трговијата со луѓе во кризните региони” како и “Климатските промени и безбедноста во планинските региони”. При својот настап, Османи рече дека борбата на ОБСЕ против трговијата со луѓе, на начин како што е предвидено и со 20 годишниот Акционен план на ОБСЕ за борба против трговијата со луѓе останува заедничка обврска и еден од главните приоритети на претседавањето на Северна Македонија од јануари. “Обединувањето на силите за спречување на кризата со трговија со луѓе во регионот на ОБСЕ е неопходност. ОБСЕ ќе продолжи да им дава вредност на заедничките напори во потрага по одржливи решенија за трговијата со луѓе и ранливите групи. Ова денес е од особена важност, имајќи ги предвид страшните последици предизвикани од руската агресивна војна против Украина, што дополнително ја влошува целата слика”, рече Османи. На вториот панел на кој се обрати, Османи ја истакна важноста за меѓународно, регионално и локално справување со социо-економските последици на климатските промени, кои според него, несомнително ги погодат не само планинските региони, туку и цел свет. “Признавајќи ги различните реперкусии за нашите општества, економии и безбедност, ќе останеме посветени на оваа прашање за време на претседателството во 2023 година. Ќе вложиме напори за подигнување на свеста за потенцијалните безбедносни закани од климатските промени, за да се мобилизираме во заедничкото превенирање и справување”, рече Османи. Панелистите разменија искуства и мислења за адресирање на предизвиците од овој домен.

Minister of foreign affairs of the Republic of North Macedonia:

Bujar Osmani

Travel Advisory

The travel advisory is a source of information for citizens traveling to other countries. The advice found here will help you make informed decisions about your safety while travelling abroad.

Read more
Visit North Macedonia

Read more