Средба Османи - Емара

29 September 2022

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи се сретна со Халид Ибрахим Емара, амбасадор на Арапската Република Египет во Република Северна Македонија, со седиште во Софија.

Во фокусот на разговорите беше претстојната Медитеранска конференција на ОБСЕ, што ќе се одржи во октомври, во Јордан, како и приоритетите на нашето претседавање со ОБСЕ во 2023 г.

На средбата стана збор за билатералните односи меѓу Северна Македонија и Египет, а воедно, беа разгледани и модалитетите за понатамошно унапредување на соработката во областа на енергетиката, бизнисот и трговската размена. Соговорниците ги истакнаа заедничките заложби за понатамошен развој на соработката во областа на мултилатералните организации, како и потребата од збогатување на договорната рамка, што е во функција на јакнење на билатералните релации меѓу двете земји.