Османи на завршниот настан по повод 30-годишнината од Мисијата на ОБСЕ во Скопје

09 December 2022

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи учествуваше на завршниот настан по повод 30-годишнината од постоењето на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

На настанот, во присуство на голем број претставници на дипломатскиот кор и високи владини претставници, Минисрот Османи во своето обраќање истакна дека задоволство е што овој собир се реализира непосредно пред преземање на позицијата претседавач со Организацијата. "Тоа значи дека направивме добри работи во изминатиот период.  Само за неколку недели ќе бидеме во позиција да оставиме белег на агендата на ОБСЕ, како претседавач со ОБСЕ во 2023 година" рече Османи.

Воедно, министерот напомена дека за време на овие 30 години присуство, мисијата беше од големо значење: за спречување на прелевање на конфликтот, спроведување на Охридскиот рамковен договор, градење социјална кохезија и зајакнување на демократските институции и владеење на правото, како и придонесе за подобрување на севкупните  услови во нашето општество во целина.

"Фактот дека ќе бидеме на чело на Организацијата – барем една година – не ја намалува мојата скромност и благодарноста кон најстарата мисија на ОБСЕ, со која јас и мојата генерација буквално пораснавме" истакна Османи.

 Скопје, 7.12.2022 г.