Ministry of Foreign Affairs

Our objective is to both promote and advance our interests at the international stage. The Euro-Atlantic and European integration is our key priority, while remaining committed to ensuring a secure, stable, and prosperous region, as well as to furthering the bilateral and multilateral cooperation with all our regional and international partners. We continue providing a variety of consular services for all our nationals abroad.

Latest news

Османи на завршниот настан по повод 30-годишнината од Мисијата на ОБСЕ во Скопје

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи учествуваше на завршниот настан по повод 30-годишнината од постоењето на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

На настанот, во присуство на голем број претставници на дипломатскиот кор и високи владини претставници, Минисрот Османи во своето обраќање истакна дека задоволство е што овој собир се реализира непосредно пред преземање на позицијата претседавач со Организацијата. "Тоа значи дека направивме добри работи во изминатиот период.  Само за неколку недели ќе бидеме во позиција да оставиме белег на агендата на ОБСЕ, како претседавач со ОБСЕ во 2023 година" рече Османи.

Воедно, министерот напомена дека за време на овие 30 години присуство, мисијата беше од големо значење: за спречување на прелевање на конфликтот, спроведување на Охридскиот рамковен договор, градење социјална кохезија и зајакнување на демократските институции и владеење на правото, како и придонесе за подобрување на севкупните  услови во нашето општество во целина.

"Фактот дека ќе бидеме на чело на Организацијата – барем една година – не ја намалува мојата скромност и благодарноста кон најстарата мисија на ОБСЕ, со која јас и мојата генерација буквално пораснавме" истакна Османи.

 Скопје, 7.12.2022 г.

Средба Исаки- Филипиду

Заменик министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Фатмире Исаки, денес, оствари средба со новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Грција во Република Северна Македонија, Н.Е. г-ѓа Софија Филипиду.

Заменик министерот Исаки изрази благодарност за цврстата поддршка на Грција за евроинтегративниот пат на Северна Македонија, која оваа година ги започна преговорите за членство во Европската Унија, како и за подготвеноста на Грција да го сподели искуството со нашата земја на овој план.

На средбата беше изразено заемно задоволство од позитивниот развоен тренд во билатералните односи и конструктивниот политички дијалог меѓу двете земји по потпишувањето на Преспанскиот договор, кој отвори една нова страница во билатералните односи и создаде позитивна клима за плодна соработка во сите сфери од заемен интерес. Во таа насока, соговорниците разменија мислења околу можностите за натамошно унапредување и продлабочување на соработката меѓу двете земји на билатерален, регионален и мултилатерален план.

На амбасадорката Филипиду, заменик министерот Исаки ѝ посака успешно извршување на новата дипломатска мисија во Северна Македонија и ја нагласи подготвеноста и отвореноста на Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија за соработката и заеднички ангажман со цел постигнување многу позитивни резултати на билатерален план.  

 

Османи и Милков во посета на НУБ Климент Охридски каде положија цвеќе

Министрите за надворешни работи на Северна Македонија и Бугарија, Бујар Османи и Николај Милков, во рамките на денешните активности во Скопје по повод одржувањето на бизнис форумот меѓу двете земји, остварија и посета на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје. При прошетката низ просториите, министрите имаа можност да ја разгледаат богата колекција на уметнички дела - изложба посветена на 50-годишнината од пуштањето во употреба на специјалниот наменски објект на НУБ „Св. Климент Охридски“, дело на архитектот Петар Муличковски, како и изложба на дела од еминентни ликовни уметници на кои е претставен Св. Климент Охридски од колекцијата на Климе Коробар. Во рамките на посетата, положувајќи цвеќе, двајцата министри заеднички го чествуваа ликот и делото на Св. Климент Охридски, кој воедно е патрон на Националната и универзитетската библиотека во Скопје.  

Скопје, 7.12.2022

Minister of foreign affairs of the Republic of North Macedonia:

Bujar Osmani

Travel Advisory

The travel advisory is a source of information for citizens traveling to other countries. The advice found here will help you make informed decisions about your safety while travelling abroad.

Read more
Visit North Macedonia

Read more