Ministry of Foreign Affairs

Our objective is to both promote and advance our interests at the international stage. The Euro-Atlantic and European integration is our key priority, while remaining committed to ensuring a secure, stable, and prosperous region, as well as to furthering the bilateral and multilateral cooperation with all our regional and international partners. We continue providing a variety of consular services for all our nationals abroad.

Latest news

Османи- Шаленберг: ЕУ проширувањето е најзначајниот геостратешки лост на ЕУ

 Денес, министерот за надворешни работи Бујар Османи оствари телефонски разговор со министерот за европски и меѓународни работи на Република Австрија, Александер Шаленберг. Вокалната и постојана поддршка од Република Австрија за членство на државата во ЕУ се пресликува во сите сектори, не само во одличните пријателски односи, туку и во динамичната секторска соработка, истакна министерот Османи. Со оглед дека Австрија е земја број еден по износот на странски инвеститори во Северна Македонија, двајцата соговорници изразија очекување дека капацитетот на присутни австриски компании на нашиот пазар ќе продолжи да расте во наредниот период. Австрискиот министер ја реафирмира силната позиција на официјална Виена за што поскоро интегрирање на сите земји од Западен Балкан во Европската унија, нагласувајќи дека ЕУ проширувањето е најзначајниот геостратешки лост на ЕУ. Во овој контекст ја поздрави реформската агенда на Владата со акцент на претстојните уставни измени.   Двајцата министри разменија мислења за активностите во рамки на нашето претседавање со ОБСЕ и австриската поддршка во справувањето со актуелните предизвици на Организацијата. На средбата стана збор и за актуелните состојби во регионот, кои имаат последици врз безбедноста и стабилноста на регионот, но и на Европа. Беше нотирано актуелното претседавање на нашата земја и со Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), како и со САД-Јадранската повелба (А5), при што позитивно беше оценета улогата на Северна Македонија на активен чинител во генерирањето на стабилноста и мирот во поширок регионален контекст.

Лансираме нова платформа - Западен Балкан КВАД 100% усогласеност со надворешната политика на ЕУ

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес во Скопје, заедно со министерката за Европа и надворешни работи на Албанија, Ољта Џачка, заменик-министерот за надворешни работи и дијаспора на Косово, Крешник Ахмети и советникот за надворешна политика на Премиерот на Црна Гора, Ѓорѓе Радуловиќ лансираше нова платформа “Западен Балкан КВАД - 100% усогласеност со надворешната политика на ЕУ”. Во фокус на средбата беше целосната усогласеност со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ на четирите земји од групата КВАД во светло на новата гео-политичка реалност, хибридните закани, енергетската криза и економските последици предизвикани од руската инвазија на Украина. “По агресијата на Руската Федерација врз Украина, усогласувањето со ЗНБП, но уште пошироко со позициите и вредностите на демократскиот свет, се претвори во еден од најважните приоритети на земјите аспиранти за членство во ЕУ, но и како јасна порака каде овие земји припаѓаат“ нагласи министерот Османи на средбата, изразувајќи задоволство од воспоставувањето на неформалниот форум, наречен QUAD/КВАД. Секоја од овие земји поединечно, се покажа како доверлив партнер на НАТО и ЕУ, со усогласување со режимот на санкции на ЕУ и САД, но и преку конкретна хуманитарна и друга техничка помош за Украина. Османи ги брифираше соговорниците за претстојните реформи, истакнувајќи дека нема отстапување од европскиот пат за Северна Македонија, земја позната по својата мулти-етничката демократија и кохезија, за што признание претставува и одлуката да биде домаќин на неодамна одржаните разговори меѓу Косово и Србија во Охрид. Беше истакнато дека заедничка стратешка цел на сите земји кои успеале да достигнат потполна хармонизација со одлуките на ЕУ е целосна интеграција во Унијата. Во тој контекст и поврзано со актуелните регионални и меѓународни случувања, процесот на имплементација и спроведување на политиките, регулативата и стандардите на ЕУ претставува највисок државен интерес.

Османи- Конаковиќ: 30 години дипломатски односи

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија Бујар Османи, на маргини на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите од иницијативата САД-Јадранската повелба (А5), оствари средба со министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Елмедин Конаковиќ. Министрите изразија особено задоволство од позитивниот развоен тренд на односите меѓу двете пријателски земји, нагласувајќи ја подготвеноста за интензивирање и продлабочување на севкупната билатерална соработка, преку конкретни проекти и иницијативи, пред сè на економски план. „Во годината во која одбележуваме 30 години од воспоставувањето на дипломатски односи, регионот ги прави потребните чекори кон консолидација на својата Евро-Атлантска иднина, за што доказ се и процесот за преговори за членство на Северна Македонија во ЕУ и доделувањето на кандидатски статус за членство во Унијата на Босна и Херцеговина“, нагласи министерот Османи, упатувајќи уште еднаш честитки за одлуката на Европскиот совет од декември минатата година. Министрите разменија мислења и ставови за реформските процеси во двете земји и зголемената регионална соработка и дијалог во рамките на Западен Балкан, како своевиден забрзувач на европските интеграции. Исто така се разговараше и за мултилатералната соработка меѓу двете земји во рамките на ОБСЕ и претседавањето на нашата држава со оваа важна регионална и меѓународна организација, како и претстојната регионална турнеја на Османи на теренските мисии на ОБСЕ.

Minister of foreign affairs of the Republic of North Macedonia:

Bujar Osmani

Travel Advisory

The travel advisory is a source of information for citizens traveling to other countries. The advice found here will help you make informed decisions about your safety while travelling abroad.

Read more
Visit North Macedonia

Read more