Ministry of Foreign Affairs

Our objective is to both promote and advance our interests at the international stage. The Euro-Atlantic and European integration is our key priority, while remaining committed to ensuring a secure, stable, and prosperous region, as well as to furthering the bilateral and multilateral cooperation with all our regional and international partners. We continue providing a variety of consular services for all our nationals abroad.

Latest news

Средба Исаки- Ќехаја

Заменик министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Фатмире Исаки, денес,  оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Република Косово, г-дин Флориан Ќехаја. На средбата изразено обостраното задоволство за одличната меѓусебна комуникација меѓу Република Северна Македонија и Република Косово, соработката во повеќе области од заемен интерес,. Потврдена е заедничката посветеност кон европските принципи. Средбата беше искористена за размена на мислења и разгледување на можностите за унапредување на билатералната соработка, која се остварува веќе со значаен интензитет и содржини преку конкретни проекти и иницијативи. Таквата постојна состојба ќе ги потврди и ќе ја поттикне заемната волја за унапредување на добрососедските односи и регионалната соработка.  Заедничка беше констатацијата дека економската соработка претставува еден од приоритетите во надворешната политика на двете земји, област каде постојат можности и неискористени капацитети за натамошен развој во насока на постигнување економски развој на двете земји и регионот во целост, а со тоа и подигнување на стандардот на граѓаните. Посебно беше подвлечена неопходноста од интензивирање на соработката во реализација на проекти за инфрастуктурно  поврзување, но и во други области, трговијата, туризмот, културата, образованието.

Министерството за надворешни работи со осуда на говорот на омраза во Народното собрание на Бугарија

Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија најостро ги осудува вчерашните написи "Македонија е Бугарија", кои можеа да се видат во рацете на дел од пратениците за време на заседанието за првата точка на Народното собрание на Република Бугарија, но и усмено пренесени од говорница, за време на истата седница.
 
Таквите пораки се противни на европските демократски вредности, но и противни на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка и не придонесуваат во негувањето на принципите и духот на Договорот.
 
Република Северна Македонија очекува официјалните претставници на Бугарија да го осудат експлицитниот говор на омраза и територијалните претензии кон Северна Македонија, како крајно непримерен акт кон соседна пријателска држава.
 
Министерството за надворешни работи на Северна Македонија врачи соодветна вербална нота со оваа содржина до бугарското Министерство за надворешни работи.
 
Скопје, 25 јуни 2022 година

Телефонски разговор Османи- Ан Линде

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес, оствари телефонски разговор со министерката за надворешни работи на Шведска, Ан Линде. Соговорниците разменија мислења за надворешно-политичките и безбедносните приоритети на двете земји, европската перспектива на Северна Македонија, апликацијата за членство на Шведска во НАТО, како и за актуелните меѓународни предизвици во променетиот геополитички контекст.  Министерот Османи се заблагодари за шведската континуирана посветеност на процесот на проширување на ЕУ и принципиелниот став на Шведска дека одлуката на Советот на ЕУ од март 2020 година, во однос на отворањето на пристапните преговори со Северна Македонија, треба да се спроведе што е можно поскоро. Воедно, изрази благодарност за континуираната развојна соработка и поддршка од Шведска во споделување искуства и зајакнување на капацитетите на институциите на нашата држава, особено на полето на демократијата, владеењето на правото, човековите права, родовата еднаквост, климатските активности, заштитата на екосистемите, инклузивниот економски развој.  Двајцата соговорници разговараа и за зајакнувањето на безбедноста во Европа, при што од наша страна беше ретерирана силната поддршка за членството на Шведска во НАТО. Османи истакна дека, Северна Македонија, како најнова членка на НАТО, е силен поборник за политиката на отворени врати на Алијансата, заснована на заслуги и за правото на секоја нација да избира или да ги менува сопствените безбедносни аранжмани, вклучително и нивниот надворешно-политички курс.

 

Скопје, 21 јуни 2022 година

Minister of foreign affairs of the Republic of North Macedonia:

Bujar Osmani

Travel Advisory

The travel advisory is a source of information for citizens traveling to other countries. The advice found here will help you make informed decisions about your safety while travelling abroad.

Read more
Visit North Macedonia

Read more