Ministry of Foreign Affairs

Our objective is to both promote and advance our interests at the international stage. The Euro-Atlantic and European integration is our key priority, while remaining committed to ensuring a secure, stable, and prosperous region, as well as to furthering the bilateral and multilateral cooperation with all our regional and international partners. We continue providing a variety of consular services for all our nationals abroad.

Latest news

Средба Исаки- Дир

Денес, заменик министерката за надворешни работи на Република Северна Македонија Фатмире Исаки, оствари средба со новоименувата  амбасадорката на Украина во Скопје, Лариса Дир. ЗМНР Исаки ја реафирмираше нашата јасна и недвосмислена поддршка за суверенитетот, територијалниот интегритет и неповредливоста на границите на Украина.

Воедно, беше разговарано за билатералните односи на Република Северна Македонија со Украина и традиционалното пријателство меѓу двете земји, како предуслов и основа за натамошната соработка во сите области од заемен интерес.

СРЕДБА ОСМАНИ – БАЛА

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска,  оствари средба со  Таулант Бала,  координатор на пратеничката група на Социјалистичката партија на Албанија кој ја предводи парламентарната делегација од Албанија во чиј состав се и Етилда Ѓонај, потпретседател на Комисијата за европски интеграции и неколку други пратеници, како и Васил Стерјовски, претседател на Македонската алијанса за европска интеграција.

На средбата беше изразено задоволство од одличната билатерална соработка меѓу Северна Македонија и Албанија, вклучително на планот на досегашната парламентарна соработка.

Фокусот беше ставен на почетокот на преговорите за членство во Европската унија, како и очекуваното влијание на овој процес врз севкупните прилики во двете земји, но и регионот како целина. Во тој контекст потврдена е силната посветеност и решителност  кои ги поврзуваат Северна Македонија и Албанија во спроведувањето на потребните реформи на патот кон европската интеграција. Се разговараше и за регионалната соработка, при што министерот Османи истакна дека постоечките регионални иницијативи на „незаменлив и суштински начин го помагаат нашето европско патување – Процесот за соработка во Југоисточна Европа, Берлинскиот процес или Отворениот Балкан се одлични примери во оваа насока, и секоја од овие иницијативи на свој единствен начин го заокружува целокупниот мозаик, во интерес на нашите граѓани и нивната европска иднина“. Осврт беше направен и врз руската агресија врз Украина, како и руското малициозно однесување во Европа и пошироко, за што Бала ја нагласи важноста на „заедничко делување во соочување со напорите на Русија да ја минира демократијата, преку финансирање на политички партии и медиуми“, но и „ширење на лажни вести или дезинформации на социјалните мрежи“. Ако во Украина беше употребено оружје, „во многу земји во Европа од 2014 година, исто така и во САД, Русија се обиде да ги поткопа демократиите со нелегално финансирање и мешање во внатрешните работи“, додаде Бала.

 

Средба Османи - Емара

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи се сретна со Халид Ибрахим Емара, амбасадор на Арапската Република Египет во Република Северна Македонија, со седиште во Софија. Во фокусот на разговорите беше претстојната Медитеранска конференција на ОБСЕ, што ќе се одржи во октомври, во Јордан, како и приоритетите на нашето претседавање со ОБСЕ во 2023 г. На средбата стана збор за билатералните односи меѓу Северна Македонија и Египет, а воедно, беа разгледани и модалитетите за понатамошно унапредување на соработката во областа на енергетиката, бизнисот и трговската размена. Соговорниците ги истакнаа заедничките заложби за понатамошен развој на соработката во областа на мултилатералните организации, како и потребата од збогатување на договорната рамка, што е во функција на јакнење на билатералните релации меѓу двете земји.

Minister of foreign affairs of the Republic of North Macedonia:

Bujar Osmani

Travel Advisory

The travel advisory is a source of information for citizens traveling to other countries. The advice found here will help you make informed decisions about your safety while travelling abroad.

Read more
Visit North Macedonia

Read more