Ministry of Foreign Affairs

Our objective is to both promote and advance our interests at the international stage. The Euro-Atlantic and European integration is our key priority, while remaining committed to ensuring a secure, stable, and prosperous region, as well as to furthering the bilateral and multilateral cooperation with all our regional and international partners. We continue providing a variety of consular services for all our nationals abroad.

Latest news

Инфо сесија на Фондот за Западен Балкан

На 26. ноември 2021 година заменик министерката за надворешни работи Фатмире Исаки ја отвори инфо сесијата за Четвртиот повик за финансирање проекти на Фондот за Западен Балкан, на која претставници од Фондот се сретнаа со заинтересираните страни и потенцијални грантисти на кои што се споделија подетални информации за начинот на аплицирање за финансирање проекти и за формирање проектни партнерства.  Состанокот започна со минута молчење во знак на почит за жртвите во несреќата на автобусот на автопатот Струма, блиску Софија, во која загинаа 45 патници, државјани на Република Северна Македонија. Заменик министерката Исаки нагласи дека преку оваа форма на меѓусебна соработка, Фондот допринесува за дополнителен напредок кој успеава да го задржи високиот интерес на различните чинители и организации во Западен Балкан и да испрати добар сигнал за енергично унапредување на регионалната соработка и добрососедските односи и помирување.

Османи – Линхарт: Реафирмирана силната и конзистентна австриска поддршка на европските интеграции на Северна Македонија

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска му беше домаќин на сојузниот министер за европски и меѓународни работи на Република Австрија, Михаeл Линхарт.   Целта на посетата беше да се реафирмира силната и конзистентна австриска поддршка на европските интеграции на нашата земја и во тој контекст министрите разменија мислења за перспективите за нашето европско досие, а воедно стана збор и за внатрешно политички актуелности во Северна Македонија. „Во Република Северна Македонија и во нашето европско досие лежи клучот за деблокирање на целиот регион бидејќи по редот на нештата оттука треба да отпочне деблокадата, преку почеток на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија. Ова ќе ги охрабри и другите држави од регионот, да ги затворат отворените прашања, а со интенција целиот регион да се движи во европски правец“, истакна Османи.   Посетата на министерот Линхарт имаше и силна економска компонента со оглед на фактот дека беше придружуван и од економска и бизнис делегација. Австрија преставува еден од најголемите инвеститори во земјава, а географската близина, комплементарноста на двете економии, но пред сѐ одличните политички односи создаваат потенција за уште поинтензивна економска соработка. За време на посетата беше одржан и бизнис настан со цел натамошно унапредување на трговската соработка и искористување на инвестициските можности и презентација на програмата „Re Focus Austria“, која има за цел промоција на австриските компании во повеќе области, особено во областа на  обновлива енергија, дигитална економија и инфраструктура.

Министрите, воедно дискутираа и за претстојното претседавање на нашата земја со ОБСЕ во 2023 година и можностите за идна соработка, во овој контекст. Солидарниот пристап во сузбивањето на Пандемијата, илегалната миграција и други прашања од меѓународен карактер беа дополнителни теми на разговор на средбата.

 

Скопје, 18 ноември 2021 год.

 

Заокружување на работната посета на Османи на Брисел

Во продолжение на дводневната интензивна агенда од работната посета на Брисел, министерот за надворешни работи, Бујар Османи оствари средби и со копретседавачот со заедничкиот парламентарен комитет помеѓу ЕУ и МК, Андреас Шидер како и со известителот за Северна Македонија, Илхан Кјучук.   На средбите неизбежна тема беа последните внатрешно – политички актуелности во државата, но разговорите беа со фокус на евроинтеграивните текови во државата и обидите, но и можностите за придвижување на целокупниот процес. Од пратениците беше подвлечена силната поддршка за европската перспектива на Северна Македонија, непречен тек на европската агенда на земјата, усвојување на преговарачката рамка и организација на првата меѓувладина конференција. Тие ја нагласија важноста за континуитет на реформите, за потребата од стабилност на државата со цел создавање позитивна атмосфера за отпочнувањето преговори. Беше истакнато дека концептот на мултиетничка и мирољубива држава, посветена преку компромис и дијалог да доаѓа до решенија,  се препознава како уникатен и голем успех за Северна Македонија и претставува пример не само за регионот, туку и пошироко. Нагласувајќи го геополитичкиот аспект за важноста на проширувањето на ЕУ со регионот, беше едногласно констатирано дека Западниот Балкан е важен не само за безбедноста и стабилност на ЕУ, туку и за севкупниот економски, политички и општествен напредок на континентот. На средбата, од страна на известителот, Кјучук, министерот Османи беше информиран за текот на подготовките на новата Резолуција за напредокот на земјата, документ што традиционално, секоја година го изготвува Европскиот парламент. Во текот на деност, Османи се сретна и со Симон Мордју, дипломатски советник на Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел како и со други високи претставници на ЕУ. Османи работната посета на Брисел ја заокружи со интервјуа за угледниот бриселски веб сајт „ЕУ Обсервер“ и за „Агенција Европа“, споделувајќи видувања за актуелните внатрешни и надворешно-политички текови во Северна Македонија.    

Брисел, 16 ноември 2021 година

 

Minister of foreign affairs of the Republic of North Macedonia:

Bujar Osmani

Travel Advisory

The travel advisory is a source of information for citizens traveling to other countries. The advice found here will help you make informed decisions about your safety while travelling abroad.

Read more
Visit North Macedonia

Read more