Ministry of Foreign Affairs

Our objective is to both promote and advance our interests at the international stage. The Euro-Atlantic and European integration is our key priority, while remaining committed to ensuring a secure, stable, and prosperous region, as well as to furthering the bilateral and multilateral cooperation with all our regional and international partners. We continue providing a variety of consular services for all our nationals abroad.

Latest news

Османи ги прими копиите од акредитивните писма од новоименуваниот амбасадор на Република Кореја во Северна Македонија, со седиште во Софија, Ли Хо-шик

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес, се сретна со амбасадорот на Република Кореја во Република Северна Македонија со седиште во Софија, Ли Хо-шик, по повод предавањето на копиите од акредитивните писма. Министерот Османи му посака успех во дипломатската мисија и изрази уверување дека амбасадорот Ли Хо-шик со своето дипломатско искуство и личен ангажман ќе даде значаен придонес во натамошниот развој на односите меѓу двете пријателски земји. Беше посочено дека по воспоставувањето дипломатски односи во 2019 година, неопходно е билатералните односи да се продлабочат, имајќи ја предвид волјата и интересот за заемна соработка во многу сфери.  Воедно, беше реафирмиран интересот за интензивирање на политичкиот дијалог како на билатерален, така и на мултилатерален план, а воедно заеднички беше констатирана потребата од зајакнување на економските и бизнис релација меѓу двете земји. Двајцата соговорници разменија мислења за надворешно-политичките приоритети на двете земји, како и за актуелните меѓународни прашања и регионални теми.

Средба Османи- Емара

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес, се сретна со Халид Ибрахим Емара, амбасадор на Арпаска Република Египет во Република Северна Македонија, со седиште во Софија. На средбата беше искажано задоволство од можноста, заемно да се разгледа актуелниот статус на билатералната соработка на политички и на економски план, при што беше констатирано дека постои голем потенцијал за продлабочување на пријателските односи. Во овој контекст, беа предложени идеи за натамошен развој на соработката во сферата на економијата, директните инвестиции и трговската размена. Покрај прашањата од доменот на билатералните односи, беа разменети и мислења за мултилатералната соработка и актуелните меѓународни прашања.

Учество на ЗМНР Фатмире Исаки на отварање на Регионален курс на УНКТАД

Заменик министерот за надворешни работи, Фатмире Исаки, заедно со Деканот на економскиот факултет и Резидентиот координатор на ОН во земјата, учествуваше  на отварањето на 44-от Регионален курс на Коференцијата на ОН за трговија и развој (УНКТАД) посветена на економиите во транзиција на земјите од ЈИЕ.   ,,Овој регионален курс доаѓа во вистинско време кога Северна Македонија постигна важни пресвртници: станавме полноправна членка на НАТО во 2020 година и очекуваме да ги отвориме преговорите за пристапување во ЕУ, како и нашето претседавање со ОБСЕ во 2023 година. Затоа, градењето капацитети во институциите и инвестирањето во човечки капитал е во сржта на нашата развојна агенда и постигнување на нашата стратешка цел: да станеме полноправна членка на ЕУ што е можно поскоро”, истакна Исаки. ,,Сите учесници ќе заминат со подобрени вештини и проширено знаење за врските помеѓу трговијата, инвестициите, финансиите и развојот во рамките на стратегиите за развој на земјата, како и подобро ќе се подготват за меѓународни трговски преговори и имплементација на трговските и развојните политики”, потенцираше Исаки, која потврди дека Министерството за надворешни работи преку своите Дипломатски претставништвa во странство ќе продолжи да ги поддржува ваквите Програми и ќе помага во идната организација на Регионалните курсеви во 2023 и 2025 година во Скопје. Инаку, регионалниот курс, што за првпат се одржува во нашата земја, во ко-организација на МНР и Економскиот Факултете-Скопје претставува високо професионална обука организирана од УНКТАД во која предаваат искусни експерти на ООН и  е наменета за државни службеници кои работат во областа на формулациja и имплементација на економскиот развој, трговијата, финансиите, инвестициите и технолошките политики.  

Minister of foreign affairs of the Republic of North Macedonia:

Bujar Osmani

Travel Advisory

The travel advisory is a source of information for citizens traveling to other countries. The advice found here will help you make informed decisions about your safety while travelling abroad.

Read more
Visit North Macedonia

Read more