Ministry of Foreign Affairs

Our objective is to both promote and advance our interests at the international stage. The Euro-Atlantic and European integration is our key priority, while remaining committed to ensuring a secure, stable, and prosperous region, as well as to furthering the bilateral and multilateral cooperation with all our regional and international partners. We continue providing a variety of consular services for all our nationals abroad.

+389 75 273 732

[email protected]

Latest news

Телефонски разговор на МНР Димитров со француската државна секретарка Амели де Моншален

Попладнево, министерот за надворешни работи Никола Димитров телефонски разговараше со државната секретарка задолжена за европски прашања во Министерството за Европа на Франција, Амели де Моншален. Беше изразено задоволство од доброто ниво на билатералните односи и соработка. Димитров ја поздрави лидерската улога на Франција за заживување на европската агенда на Северна Македонија и заеднички ги разгледаа претстојните чекори на овој план. Во разговорот, исто така беа опфатени и актуелни прашања од регионален интерес.

Телефонски разговор на МНР Димитров со српскиот МНР Дачиќ

Попладнево, министерот за надворешни работи Никола Димитров телефонски разговараше со потпретседателот на Владата на Република Србија и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ. Со српскиот колега беа споделени искуства во борбата со здравствената криза, како и информации за епидемиолошката состојба во Северна Македонија и Србија. Министрите разговараа и за плановите за натамошно ублажување на рестриктивните мерки, притоа запазувајќи го јавното здравје. Министерот Дачиќ информираше дека веќе не е потребна посебна согласност за влез на странски државјани во Република Србија и дека преминувањето на српските граници, сега се одвива според вообичаен режим. Двајцата министри се согласија за интензивна билатерална соработка и продлабочување на односите меѓу двете пријателски земји. Во таа смисла, МНР Димитров ја прифати поканата на МНР Дачиќ да оствари официјална посета на Србија во наредниот период, кога условите тоа ќе го дозволат.

Учество на МНР Димитров на конференција на Советот на Јадранско-јонската иницијатива и министерскиот состанок на Стратегијата на ЕУ за Јадранско-јонскиот регион (EUSAIR)

Денес, министерот за надворешни работи Никола Димитров учествуваше на видео-конференција на Советот на Јадранско–јонската иницијатива и министерски состанок на Стратегијата на ЕУ за Јадранско-јонскиот регион (EUSAIR) чиј главен фокус беше координацијата во справувањето со последиците од пандемијата со Ковид – 19. МНР Димитров: „Претставува задоволство што на денешнава конференција во рамки на овој важен форум за регионална соработка и промоција на ЕУ интегративните процеси, кон кој пристапивме пред две години, е потенцирана и убавата симболика со одлуките на Советот на ЕУ во март годинава за почеток на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија, чие натамошно ефектуирање ќе биде во фокус и на претстојното словенечко претседателство со Иницијативата. Во однос на предизвиците со пандемијата кои сите нас разбирливо нè преокупираат, мислам на сите ни е јасно дека само преку координиран пристап проткаен со солидарност, соработка и несебична размена на знаења и добри практики ќе ги пребродиме последиците од иницијалната криза.“ Министрите разменија мислења околу тековната и идна фаза за справување со социо-економските последици и останатите предизвици предизвикани од Ковид -19 вирусот. Сите учесници се согласија дека оваа пандемија претставува закана без преседан за економскиот раст на земјите членки на иницијативата, од ЕУ и од регионот на Западен Балкан. Истовремено кризата докажа и дека солидарноста, соработката и координацијата на билатерално, регионално и меѓународно ниво, се клучни за отстранување на таквите закани и нивните последици. Министрите заклучија дека главен приоритет кој останува е минимизирање на последиците врз здравствените системи и здравјето на граѓаните, но истовремено и рестартирање на економијата и адресирање на социјалните импликации од економскиот пад, предизвикан од пандемијата. Во овој контекст, потребна е интензивирана и продлабочена соработка за утврдување на заемни решенија со цел безбедно отворање на границите и слободно патување на граѓаните, непречено одвивање на транспортот, зајакнување на трговијата и отворање на туристичките капацитети, преку размена на најдобри практики и почитување на здравствените протоколи. Министерската видео-конференција е дел од редовните годишни состаноци организирани од страна на претседавачите со иницијативата (Србија), при што од оваа година за прв пат учествуваше и Северна Македонија која на 2 април 2020 год. официјално стана деветтата земја членка на Стратегијата на ЕУ за Јадранско-јонскиот регион (EUSAIR).

Minister of foreign affairs of the Republic of North Macedonia:

Nikola Dimitrov

Travel Advisory

The travel advisory is a source of information for citizens traveling to other countries. The advice found here will help you make informed decisions about your safety while travelling abroad.

Read more
Visit North Macedonia

Read more