Ministry of Foreign Affairs

Our objective is to both promote and advance our interests at the international stage. The Euro-Atlantic and European integration is our key priority, while remaining committed to ensuring a secure, stable, and prosperous region, as well as to furthering the bilateral and multilateral cooperation with all our regional and international partners. We continue providing a variety of consular services for all our nationals abroad.

+389 75 273 732

[email protected]

Latest news

Заменик министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Андреј Жерновски, ги прими копиите од акредитивни писма на новоименуваниот амбасадор на Република Кипар за Република Северна Македонија, со седиште во Белград, Н.Е. Константинос Елијадес

Заменик министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Андреј Жерновски, по пат на видео конференциска врска ги прими акредитивните писма од страна на Н.Е. Константинос Елијадес, новоименуван нерезидентен амбасадор на Република Кипар за Република Северна Македонија, со седиште во Белград. ЗМНР Жерновски му посака добредојде и успех во вршењето на својата функција во Северна Македонија, и тоа како прв именуван амбасадор на Република Кипар во Република Северна Македонија по воспоставувањето на дипломатски односи меѓу двете држави. Во разговорот беа разменети мислења околу повеќе актуелни теми, со акцент  на европската интеграција и перспективи на Северна Македонија. Взаемно беше изразено задоволство што на 01.07.2020 е направен уште еден многу значаен чекор кон Европската унија, по усвојувањето на предлог преговарачката рамка од страна на Европската комисија. Жерновски се заблагодари за континуираната и одлучна поддршка на Република Кипар во нашиот европски интегративен процес, како и позитивната и конструктивна улога во процесот на решавањето на спорот со Грција. Воедно, изрази уверување дека Кипар ќе продолжи со подеднаков ангажман да се зазема за нашата понатамошна интеграција во Унијата, при што истакна: “Очекуваме до крајот на годината да се одржи  меѓувладината конференција која што е првиот конкретен чекор и форум за политички и реформски дијалог меѓу Северна Македонија и Европската Унија”. Амбасадорот Елијадес ја реафирмираше поддршката на Кипар за започнување на пристапните преговори на Северна Македонија со Европската унија, како и за помош за исполнувањето на потребните реформски определби. Изрази задоволство што како прв амбасадор ќе има прилика да придонесе во интензивирањето македонско-кипарското пријателство, акцентирајќи го потенцијалот кој постои за натамошно продлабочување на соработката во областите од заеднички интерес. На средбата беше истакнато дека постои потенцијал за развојот на билатералните меѓу Северна Македонија и Кипар, но и цврста и силно изразена волја за изградба на пријателски и срдечни односи на соработка во сите области од взаемен интерес. Фокусот ќе биде ставен на економската соработка и туризмот, преку организирање на бизнис форуми преку кои ќе се зајакне оваа соработка меѓу бизнис заедницата. Соговорниците разменија мислења и за состојбите во нашиот Регион, како и најновиот развој на внатрешно-политичките состојби во нашата земја во пресрет на предвремените парламентарни избори.

Димитров: „Понекогаш знаеме да ги бараме проблемите кај соседите. Но вистинскиот противник не е таму. Вистинскиот противник е заеднички - корупцијата - и во овој поглед потребно е да работиме заедно и обединето“

Учество на МНР Димитров на ОБСЕ онлајн видео-конференција на високо ниво, посветена на „Доброто владеење и борбата против корупцијата во дигиталната ера”

 

Денес министерот за надворешни работи Никола Димитров учествуваше на Конференцијата на ОБСЕ на високо ниво посветена на „Доброто владеење и борбата против корупцијата во дигиталната ера,” во организација на албанското претседавање со Постојаниот совет на ОБСЕ, којашто се одржува он-лајн на 6 и 7 јули.

МНР Димитров: Понекогаш знаеме да ги бараме проблемите кај соседите. Но вистинскиот противник не е таму. Вистинскиот противник е заеднички - корупцијата - и во овој поглед потребно е да работиме заедно и обединето“. Во присуство на министри и други високи претставници на земјите-учеснички на ОБСЕ, министерот Димитров ја реафирмираше определбата на Владата за борбата против корупција, како клучна за враќањето на довербата на јавноста во правната држава и демократијата. Притоа, истакнувајќи ги постигнувањата во изминатиот период, посебен акцент стави на воспоставување на порталот „Отворени финансии“ кој овозможува увид во преку 17 милијарди финансиски трансакции на буџетските корисници на централно и локално ниво, укажувајќи на одличен пример како дигиталната технологија може да придонесе кон зголемување на транспарентноста, интегритетот и доброто владеење. Конференцијата, посветена на оваа многу значајна тема за сите земји учеснички во ОБСЕ, ја отворија актуелниот претседавач, Претседателот на Владата и МНР на Албанија Еди Рама, Генералниот секретар на ОБСЕ Томас Гремингер и министерката за правда на Република Албанија Етилда Ѓонај. Министерот Никола Димитров се обрати на панелот на високо ниво, на кој говореа и Извршниот директор на Канцеларијата на ОБСЕ за дроги и криминал (UNODC) и Генерален директор на Канцеларијата на ОН во Виена г-ѓа Гхада Фати Валу, државниот министер на Обединетото кралство, како и други министри за надворешни и за правда.

Joint Steering Committee endorses cooperation priorities between North Macedonia and the United nations for 2021 – 2025

An extended Joint Steering Committee met today to discuss and endorse strategic priorities and outcomes of the upcoming 2021-2015 North Macedonia UN Sustainable Development Cooperation Framework (UN SDCF). This is an important milestone in the 2021-2025 UN SDCF consultation process to ensure full alignment of the framework with the national sustainable development priorities. Following further consultations in August and September, the Framework will be jointly approved by the UN and the Government of North Macedonia in October. “The aim of today’s meeting is to exchange our views on the strategic areas of cooperation and desired outcomes for the next five years. What we want to achieve is a change that is sustainable, visible for the final beneficiaries – our citizens, resulting in better legislative framework and more efficient, effective and accountable institutions” said Zoran Popov, state secretary at the Ministry of Foreign Affairs of North Macedonia. UN Sustainable Development Cooperation Framework is a key strategic document for the UN in North Macedonia, representing the UN development system’s collective offer to support the country in achieving sustainable development goals and Agenda 2030. “The Cooperation Framework is not merely a core accountability tool between the UN and the Government, but a commitment to the people in the country, particularly the most marginalized and vulnerable. The UN is looking forward to continuing joining forces with the Government over the coming years to bring North Macedonia closer to achieving its development goals”, said Rossana Dudziak, UN Resident Coordinator in North Macedonia. To ensure that it reflects the interest and priorities of all people in the country, the UN SDCF is developed through a participatory and consultative process, starting with the analysis of the country’s development context, strategic prioritization and its operationalization through annual workplans of UN entities and stakeholders. The 2021-2025 UN SDCF also reflects the UN Secretary General’s plea for accelerated action to implement Agenda 2030 through a Decade of Action.

Minister of foreign affairs of the Republic of North Macedonia:

Nikola Dimitrov

Travel Advisory

The travel advisory is a source of information for citizens traveling to other countries. The advice found here will help you make informed decisions about your safety while travelling abroad.

Read more
Visit North Macedonia

Read more