Ministry of Foreign Affairs

Our objective is to both promote and advance our interests at the international stage. The Euro-Atlantic and European integration is our key priority, while remaining committed to ensuring a secure, stable, and prosperous region, as well as to furthering the bilateral and multilateral cooperation with all our regional and international partners. We continue providing a variety of consular services for all our nationals abroad.

+389 75 273 732

[email protected]

Latest news

Средба на ЗМНР Жерновски со амбасадорот на НР Кина во Република Северна Македонија, Н.Е. Џанг Ѕуо

Заменик министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Андреј Жерновски, денеска го прими амбасадорот на НР Кина во Република Северна Македонија, Н.Е. Џанг Ѕуо, кој од името на амбасадата на својата земја предаде нова помош наменета за превенција од Ковид 19 и која се состои од 2.000 трислојни заштитни маски.  На средбата, заменик министерот Жерновски му се заблагодари на амбасадорот Џанг Ѕуо за перманентната поддршка и помош од Народна Република Кина за здравствениот систем во земјава, во функција на сузбивање на пандемијата на Ковид 19. Како што е познато, Народна Република Кина веќе испорача поголема количина на заштитна опрема и други медицински материјали против Ковид 19, а за истатата намена од фондот на Амбасадата на Народна Република Кина беше издвоена и директна финансиска помош за Министерството за здравство на Република Северна Македонија. Соговорниците разменија мислења за актуелните состојби во двете земји и во поширок контекст во однос на пандемијата и високо ја оценија досегашната меѓусебна соработка на овој план. Договорено е продолжување на контактите и на активностите на билатерелна основа, а потенцирана е и неопходноста од засилување на меѓународната соработка и солидарноста во насока на целосно сузбивање на оваа закана со која се соочува светот.

Телефонски разговор на МНР Димитров со шпанската МНР Гонзалес Лаја

На барање на шпанската страна, министерот за надворешни работи Никола Димитров денес разговараше со Аранча Гонзалес Лаја, министерка за надворешни работи, ЕУ и за соработка на Кралството Шпанија.   Министерот Димитров уште еднаш се заблагадори за отворената и принципиелна поддршка од Шпанија за нашите европски и евро-атлантски интеграции, изразувајќи задоволство од нивната посветеност како за заокружувањето на НАТО членството, така и за нашиот пробив на европскиот пат. Беше направен осврт на епидемиолошката состојба во двете земји, но и пошироко, во контекст на здравствените предизвици со кои тие се соочуваат, како и на социо-економските последици од кризата и можни решенија за нивно надминување преку заедничка соработка и солидарност. Министрите разменија мислења и за повеќе актуелни прашања од регионот. Беше потенцирана важноста од натамошно динамизирање и продлабочување на одличните билатерални односи, со заемна заложба за јакнење на пријателските врски меѓу двете држави.

Телефонски разговор на МНР Димитров со француската државна секретарка Амели де Моншален

Попладнево, министерот за надворешни работи Никола Димитров телефонски разговараше со државната секретарка задолжена за европски прашања во Министерството за Европа на Франција, Амели де Моншален. Беше изразено задоволство од доброто ниво на билатералните односи и соработка. Димитров ја поздрави лидерската улога на Франција за заживување на европската агенда на Северна Македонија и заеднички ги разгледаа претстојните чекори на овој план. Во разговорот, исто така беа опфатени и актуелни прашања од регионален интерес.

Minister of foreign affairs of the Republic of North Macedonia:

Nikola Dimitrov

Travel Advisory

The travel advisory is a source of information for citizens traveling to other countries. The advice found here will help you make informed decisions about your safety while travelling abroad.

Read more
Visit North Macedonia

Read more