Ministry of Foreign Affairs

Our objective is to both promote and advance our interests at the international stage. The Euro-Atlantic and European integration is our key priority, while remaining committed to ensuring a secure, stable, and prosperous region, as well as to furthering the bilateral and multilateral cooperation with all our regional and international partners. We continue providing a variety of consular services for all our nationals abroad.

+389 75 273 732

[email protected]

Latest news

Телефонски разговор на МНР Димитров со шпанската МНР Гонзалес Лаја

На барање на шпанската страна, министерот за надворешни работи Никола Димитров денес разговараше со Аранча Гонзалес Лаја, министерка за надворешни работи, ЕУ и за соработка на Кралството Шпанија.   Министерот Димитров уште еднаш се заблагадори за отворената и принципиелна поддршка од Шпанија за нашите европски и евро-атлантски интеграции, изразувајќи задоволство од нивната посветеност како за заокружувањето на НАТО членството, така и за нашиот пробив на европскиот пат. Беше направен осврт на епидемиолошката состојба во двете земји, но и пошироко, во контекст на здравствените предизвици со кои тие се соочуваат, како и на социо-економските последици од кризата и можни решенија за нивно надминување преку заедничка соработка и солидарност. Министрите разменија мислења и за повеќе актуелни прашања од регионот. Беше потенцирана важноста од натамошно динамизирање и продлабочување на одличните билатерални односи, со заемна заложба за јакнење на пријателските врски меѓу двете држави.

Телефонски разговор на МНР Димитров со француската државна секретарка Амели де Моншален

Попладнево, министерот за надворешни работи Никола Димитров телефонски разговараше со државната секретарка задолжена за европски прашања во Министерството за Европа на Франција, Амели де Моншален. Беше изразено задоволство од доброто ниво на билатералните односи и соработка. Димитров ја поздрави лидерската улога на Франција за заживување на европската агенда на Северна Македонија и заеднички ги разгледаа претстојните чекори на овој план. Во разговорот, исто така беа опфатени и актуелни прашања од регионален интерес.

Телефонски разговор на МНР Димитров со српскиот МНР Дачиќ

Попладнево, министерот за надворешни работи Никола Димитров телефонски разговараше со потпретседателот на Владата на Република Србија и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ. Со српскиот колега беа споделени искуства во борбата со здравствената криза, како и информации за епидемиолошката состојба во Северна Македонија и Србија. Министрите разговараа и за плановите за натамошно ублажување на рестриктивните мерки, притоа запазувајќи го јавното здравје. Министерот Дачиќ информираше дека веќе не е потребна посебна согласност за влез на странски државјани во Република Србија и дека преминувањето на српските граници, сега се одвива според вообичаен режим. Двајцата министри се согласија за интензивна билатерална соработка и продлабочување на односите меѓу двете пријателски земји. Во таа смисла, МНР Димитров ја прифати поканата на МНР Дачиќ да оствари официјална посета на Србија во наредниот период, кога условите тоа ќе го дозволат.

Minister of foreign affairs of the Republic of North Macedonia:

Nikola Dimitrov

Travel Advisory

The travel advisory is a source of information for citizens traveling to other countries. The advice found here will help you make informed decisions about your safety while travelling abroad.

Read more
Visit North Macedonia

Read more