Извадок од 72-та седница на Владата (23 јуни 2020) - Отворање на сите гранични премини во Република Северна Македонија


Владата на Република Северна Македонија на седницата одржана на 23 јуни 2020 година одлучи, почнувајќи од 26 јуни 2020 година (петок), одлучи да се отворат сите гранични премини во Република Северна Македонија за премин на патници (носители на сите видови пасоши) и возила, без досегашните воспоставени услови, процедури и мерки (без приложување на медицинска потврда од PCR тест направен 72 часа пред влез во државата, без спроведување во домашна изолација и без одобрение дадено од Главниот координативен кризен штаб).

Согласно ова, престанува да важи забраната за влез на странски државјани во Република Северна Македонија, како и воспоставениот Протокол за непречен транзит на странски државјани низ територијата на Република Северна Македонија.

Воедно, престанува да важи и забраната за организиран меѓународен автобуски превоз (автобус, комбе, минибус и сл.) кон странски држави.

Почнувајќи од 1 јули 2020 година (среда) ќе се отворат за сообраќај Меѓународниот Аеродром Скопје и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид и граничните премини на овие аеродроми, со задолжително почитување на протоколите за управување со аеродромите за време на пандемија.

Последно ажурирање: 23 ноември 2020