на Министерството за надворешни работи на Република Казахстан и Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија за натамошно јакнење на билатералната соработка
По разговорите одржани на 1 ноември 2022 г., во Скопје, меѓу Мукхтар Тилеуберди, Потпретседател на Владата и Министер за надворешни работи на Република Казахстан и Бујар Османи, Министер за надворешни работи на Република Северна Македонија, двете Страни донесоа Заедничка изјава која гласи:
1. Казахстан и Северна Македонија го потврдуваат нивниот интерес за развивање на политички дијалог, заснован на доверба, потоа за надградување на трговската, економската, како и културната и хуманитарната соработка, во духот на отвореност и заемно разбирање.
2. Двете Страни ја поздравуваат одлуката на Република Казахстан во 2023 г. да отвори своја Амбасада во Република Северна Македонија, што пак ќе даде дополнителен поттик на билатералните односи меѓу двете земји.
3. Двете Страни ќе се ангажираат на подготовката и реализацијата на официјалната посета на Н.Е. Стево Пендаровски, Претседател на Република Северна Македонија на Казахстан, а на покана на Н.Е. Касим-Јомарт Токајев, Претседател на Република Казахстан.
4. Двете Страни ја поздравуваат првата средба на заедничката Меѓу-владина комисија за трговска и економска соработка, што ќе се одржи на 3 ноември 2022 г., во Скопје, која ќе придонесе кон натамошен пораст на обемот на трговска размена, како и кон проширување и збогатување на структурата на билатералниот трговски обрт.
5. Казахстан ги поддржува приоритетите на Северна Македонија, во текот на нејзиното Претседателство со ОБСЕ во 2023 г., истовремено земајќи го предвид значителниот напредок во процесот на интеграција на Северна Македонија во ЕУ, а изразувајќи желби за успешно спроведување на зацртаните планови.
6. Двете Страни ја изразуваат нивната намера да ја продолжат практиката на одржување на редовни политички консултации на ниво на Заменици министри за надворешни работи и се договорија третиот круг на консултации да се одржи во 2023 г., во Скопје.
7. Двете Страни со задоволство забележуваат дека и покрај пандемијата со корона вирусот и глобалната економска криза, обемот на билатералата трговија меѓу двете земји забележува пораст од 88% во првите седум месеци од 2022 г., споредено со истиот период во 2021 г.
8. Двете Страни се договорија натаму да ја прошират билатералната правна и договорна рамка, потпишувајќи спогодби во областа на трговијата и економијата, потоа во културната и хуманитарната област, како и на полето на безбедност и борбата против организираниот криминал.
9. Двете Страни се согласуваат дека меѓу - парламентарните врски се важна област на меѓу - државна соработка и ја земаат предвид потребата од одржување редовни состаноци меѓу законодавците на двете земји, како и од нивна соработка на меѓународни настани.
10. Двете Страни ќе го унапредуваат воспоставувањето на директни контакти меѓу региони и универзитети, размената на посети на креативни тимови и одржувањето на Денови на културата на териториите на двете земји.
11. Двете Страни го земаат предвид нивниот заеднички приод кон одредени билатерални и меѓународни прашања и следствено на приоритетите и заложбите на двете земји, двете Страни ќе поддржуваат инцијативи во рамките на меѓународните организации.
12. Казахстан на Северна Македонија ѝ изразува длабока благодарност за гостољубивоста укажана во текот на оваа посета.