ЈАВЕН ОГЛАС


Врз основа на член 22 став 1 алинеја 6, став 5, став 8, став 11 алинеја 9, став 13 и став 14 од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 27/16, 35/18 и 198/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 143/19 и 14/20)), членовите 22, 23, 24, 25, 26 и 27 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 149/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 34/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16, 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 110/19, 267/20, 151/21 и 288/21), член 13 од Правилникот за систематизација на работните места во Министерството за надворешни работи бр. 01-39424/21-1 од 21.12.2021 година, Министерството за надворешни работи објавува

 

ЈАВЕН ОГЛАС број 03/2022

за пополнување на работно место на определено време

 

               Министерството за надворешни работи објавува јавен оглас за ангажирање на 1 лице на определено време, за следното работно место:

 

1.       Посебен советник за прашања поврзани со билатерални односи со држави од Југоисточна Европа и регионална мултилатерала во Кабинетот на министерот за надворешни работи – 1 (еден) извршител;

 

I.Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

 

-         Да имаат стекнато најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен од следните науки: политички, правни или безбедност;

-         Да се државјани на Република Северна Македонија

-         Со правосилна судска одлука да не им е изречена казна за забрана на вршење професија, дејност или должност;

-         Активно да го познаваат англискиот јазик

-         Да имаат најмалку 1 година работно искуство во областа на меѓународните односи или меѓународните економски односи.

 

II. Паричен износ на основната нето плата за работното место: 40,005.000 денари

 

Дневно работно време од 7:30 часот до 15:30 часот /од 8:30 часот до 16:30 часот, неделно работно време 40 часа – од понеделник до петок.

Со пријавата, заинтересираните кандидати задолжително треба да ја достават следната документација:

- своерачно потпишана пријава за работното место за кое се пријавуваат;

- кратка биографија СV со задолжително наведен контакт телефон и адреса;

- уверение за државјанство;

- диплома за завршен степен на образование кое се бара за работно место;

-  доказ дека не е изречена казна за забрана на вршење професија, дејност или должност;

- доказ за познавање англиски јазик

- доказ дека имаат искуство поврзано со меѓународни односи

 

Потребната документација во оригинал или копија заверена на нотар да се достави до архивата на Министерството за надворешни работи или по пошта на следнава адреса: Министерство за надворешни работи, Сектор за управување со човечки ресурси, ул. „Филип Втори Македонски“ бр. 7, 1000 Скопје (со назнака „за оглас за вработување“).

 

Рокот за доставување на потребната документација е три (3) работни дена сметано од денот на објавување на огласот.

Ненавремената, нецелосната и некомплетната пријава и документација нема да биде разгледувана.

По извршената административна селекција на пријавените кандидати за пополнување на наведеното работно место, уредните кандидати ќе бидат дополнително повикани на интервју во просториите на Министерството за надворешни работи.

Министерството за надворешни работи ќе изврши избор во рокот пропишан согласно со член 23 став 2 од Законот за работните односи.

Согласно законските одредби, посебниот советник во Кабинетот на Министерот за надворешни работи склучува договор за вработување на определено време, а вработувањето трае до истекот на мандатот на функционерот во чиј кабинет е вработен.

Правата и должностите на посебниот советник се уредуваат со општите прописи за работните односи.

Пријавата на следниот линк, превземи>

Последно ажурирање: 07 декември 2022