МНР формираше координативно тело за помош и поддршка на државјани кои се наоѓаат затекнати на граничните премини на други држави и аеродроми, поради новонастанатата ситуација поврзана со корона вирусот (COVID-19)

14 март 2020

Во рамките на Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија е формирано координативно тело за помош и поддршка на своите државјани кои се наоѓаат затекнати на граничните премини на други држави и аеродроми, поради новонастанатата ситуација поврзана со коронавирусот (COVID-19).

Ги замолуваме сите македонски граѓани во вакви ситуации информациите да ги доставуваат преку следните канали на комуникација:

075 27 37 32  (редовна линија, Viber, WhatsApp)

071 25 34 30  (редовна линија, Viber, WhatsApp)

072 30 68 45 (редовна линија, Viber, WhatsApp)

075 44 66 47 (редовна линија)

Електронска пошта: [email protected]

Уште еднаш, апелираме, врз основа на официјалните мерки и препораки,  сите државјани кои живеат или престојуваат во земјите со висок и среден ризик да го одложат доаѓањето во Северна Македонија во овој период.