Продолжува репатријацијата на затекнатите граѓани во странство, уште еден чартер лет за Берлин и Бон

02 април 2020

Министерството за надворешни работи информира дека денес беше организиран лет за репатријација на вкупно 180 македонски граѓани од Берлин и Келн/Бон.

Со ова,  бројката на репатрирани македонски граѓани во организација на МНР, генералниот секретаријат на Владата, МВР и Министерството за здравство заклучно со денес, изнесува 2200 граѓани,  кои претходно се изјасниле дека прифаќаат задолжителен државен карантин и учество за плаќање на цената за авио билетот.

На летот од Скопје за Берлин помогнавме и на 163 странски државјани од земјава да се упатат кон своите домови.

Министерството за надворешни работи упатува благодарност кон надлежните власти во Германија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Косово/НАТО, Србија, Германија и Австрија за соработката при издавање на дозволи за прелет и целокупната поддршка во овие отежнати околности.

МНР продолжува со напорите за враќање во земјава на затекнатите македонски граѓани во странство.