По одлуката на Република Турција за донација на медицинска опрема и средства наменети за здравствениот сектор на Република Северна Македонија, која се состои од 50 000 парчиња заштитни медицински маски, 1000 заштитни скафандери и 1000 дијагностички тестови, информираме дека денес во 14:30ч на Меѓународниот аеродром Скопје, помошта ќе биде предадена на министерот за надворешни работи Никола Димитров и земеник началникот на Генералштаб, Азим Нуредин, од страна на Амбасадорот Хасан Мехмет Секизќок, по што ќе следи изјава за медиумите.
Доколку вашиот медиум има интерес да го покрие овој настан, замолуваме да ни испратите име на вашиот фотограф/камерман најдоцна до 12:30ч. Вашиот претставник треба да дојде најдоцна до 13:30ч на Капија бр. 5 на старата аердоромска зграда, по претходна акредиатција на [email protected].
Поради мерките за заштита од коронавирусот, сугерираме дека МНР навремено ќе обезбеди за медиумите фото и видео материјали, а физичкото присуство на новинарите е на одговорност на самиот медиум.