Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, во врска со Јавниот повик за проектни апликации за 2020 година, за правни и физички лица од дијаспората, објавен во февруари 2020 година на веб страната на МНР, известува за следново:
Со цел да се ублажат последиците од пандемијата со коронавирусот, Владата на Република Северна Македонија, на 9 април 2020 донесе Одлука за прераспределба на средствата меѓу буџетските корисници, со која средствата предвидени за проектите од дијаспората како и средства предвидени за други разни проекти се пренаменуваат за зајакнување на здравствениот сектор и поддршка на стопанството. Од тие причини, Министерството за жал нема да може финансиски да поддржи проекти за правни и физички лица од дијаспората во 2020 година, како што беше најавено со Јавниот повик.
Со надеж дека кризата ќе биде надмината наскоро, ги охрабруваме заинтересираните правни и физички лица од дијаспората, апликациите да ги достават на јавниот повик во наредната година.