Министерска видео - конференција во ко-организација на МНР Димитров и МНР Дендиас

18 мај 2020

На заедничка иницијатива на министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Никола Димитров и на министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас, утре (вторник, 19 мај 2020 година), ќе се одржи министерска видео-конференција, со цел координација и унапредување на соработката на Министерствата за надворешни работи од земјите од Западен Балкан и земјите од ЕУ во непосредна близина на овој регион, во следната фаза од справување со социо-економските последици од пандемијата на Ковид -19. Истата се одржува во континуитет на Солунската конференција на високо ниво од февруари 2020 год., а во присуство на високи претставници на ЕУ институциите.

За време на дискусиите Министрите ќе разговараат за тековната и идна соработка во врска со можните начини за регулирање на прекуграничните патувања, транспортот и туризмот, исполнувајќи ги потребните медицински критериуми, како и за заемната поддршка на економиите на земјите.