Протокол за непречен транзит на државјани на Република Србија, Република Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина низ територијата на Република Северна Македонија

10 јули 2020
  1. При влез на копнен граничен премин или граничен премин за воздушен сообраќај, за сите видови групни или индивидуални патувања, потребно е да се потпише изјава и во рок од три часа мора да биде напуштена територијата на државата.
    Само при влез на копнен граничен премин, на релација ГП Деве Баир до ГП Ќафасан и обратно, времетраењето на транзитот ќе биде дозволено до пет часа, до кога мора да биде напуштена територијата на државата.

  2. Странските дипломати од Република Србија, Република Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина и акредитирани во Република Северна Македонија, како и членови на нивните семејства, како за влез во државата така и за транзит, не е потребно да приложуваат медицинска потврда од направен PCR тeст.
    Странските дипломати од Република Србија, Република Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина кои не се акредитирани во Република Северна Македонија туку во друга држава, како и членови на нивните семејства, при транзит не е потребно да приложуваат медицинска потврда од направен PCR тeст, но треба да потпишат изјава за транзит и во рок од три часа мора да ја напуштат територијата на државата.

  3. Транзитот подразбира влез на еден граничен премин и излез на друг, со обврска при транзитот да не се излегува од соодветниот автопат или локален пат.

  4. Лицата кои транзитираат можат да ги користат услугите на постојните бензински станици кои се на нивната рута, но со задолжително почитување на сите протоколи на Министерството за здравство кои се во сила, со цел спречување на внесувањето и ширење на коронавирусот КОВИД-19 и сите задолженија кои произлегуваат од истите.
    Компаниите на бензинските станици се должни да спроведат засилени контроли и надзор над примената и почитување на мерките и надзор при спроведувањето на истите.

  5. Губењето на Изјавата или непочитувањето  на пропишаното време за транзит ќе има за последица лицата кои транзитираат низ територијата на Република Северна Македонија да бидат упатени во државен карантин, со цел проверка на нивната здравствена состојба и можно времетраење до 14 дена.

  6. Во функција на обезбедување на непречен транзит, се пополнува Изјава (во прилог на Протоколот) која странските државјани треба да ја пополнат на влез на територијата на Република Северна Македонија, граничната полиција да ја завери, а која при излез треба корисникот да ја предаде на граничната полиција со цел да се контролира времетраењето на транзитот.

 


 

И З Ј А В А

 

Јас, ______________________________________________________________________________

со пасош број ________________________________________________________________

и со возило со регистарски таблици број _____________________________________

изјавувам дека со мене има _____________ патници (да се наведе бројот) и дека

за време на транзитирањето  од _______________________________________________

до  _____________________________________________ (да се наведат државите) ќе се придржувам на пропишаното време за транзит низ територијата на Република Северна Македонија во времетраењето кое е предвидено во Протоколот

(3 часа________ - означува претставник на МВР) или

(5 часа_______ - означува претставник на МВР),

нема да излегувам од потребната маршрута, се обврзувам задолжително да ја предадам Изјавата на излез од државата на претставникот на граничната полиција (во спротивно може да следи упатување во државен карантин), и ќе ги почитувам сите пропишани протоколи и мерки кои се во сила за спречување на внесувањето и ширење на Корона вирусот COVID-19, а кои се во согласност со стандардите и препораките на Светската здравствена организација.

                                                                                                                                Потпис на подносителот

                                                                                                                                _________________________

Време на влегување _____________________

Заверка на службено лице од

Министерството за внатрешни работи

на Република Северна Македонија

 

______________________________________