Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија Бујар Османи на 17 септември 2020 ќе оствари билатерална средба со овластениот министер за Европа и надворешни работи на Република Албанија Гент Цакај, кој ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.
Главни теми на средбата се очекува да бидат соработката меѓу Северна Македонија и Албанија во остварувањето на заедничките стратешки цели за членство во Европската унија, состојбата со билатералните односи и можностите за понатамошната соработка и нивно унапредување, соработката во НАТО, состојбите со актуелната глобална здравствена криза и други прашања од заеднички интерес и значајни за нашиот Регион.
За време на официјалната посета, министерот Цакај ќе биде примен и од Претседателот на Собранието Република Северна Македонија, Претседателот на Владата на Република Северна Македонија и други високи претставници на државата