ЗМНР Исаки присуствуваше на церемонијата на свеченото отворање на Генералниот конзулат на Република Косово во Струга

20 ноември 2020

Заменик Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија Фатмире Исаки, вчера присуствуваше на церемонијата на свеченото отворање на Генералниот конзулат на Република Косово со седиште во Струга.

Заменик Министерот Исаки го поздрави отворањето на генералниот конзулат на Косово во Струга, кој согласно неговото јурисдикционо подрачје, ќе придонесе за натамошно интензивирање и продлабочување на вкупните билатерални односи, меѓу двете држави.

Се радуваме на отворањето на генералниот конзулат на пријателска Косово во Струга, како значаен чекор во интерес на овој регион и пошироко на двете држави, но не помалку важно и поради очекуваното влијание што генералниот конзулат ќе го има врз соработката во области како културата, туризмот и економијата“  нагласи Заменик Министерот Исаки.

Во разговорот со генералниот конзул, Агим Красниќи беше потврдена посветеноста кон градењето добрососедски односи, како заеднички придонес кон стабилноста и просперитетот на регионот и неговата европска и евро-атлантска перспектива.