Остра осуда за скрнавењето на споменикот во Охрид за жртвите на трагичната несреќа со бродот „Илинден"

27 ноември 2020

Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија најостро го осудува вандалскиот акт на скрнавење на споменикот во Охрид за жртвите на трагичната несреќа со бродот "Илинден", во која настрадаа бугарски туристи, на 05 септември 2009 година.

Надлежните служби се информирани и во најскоро време ќе го отклонат ова злодело на неодговорни и злонамерни поединци, за да можеме достоинствено да ја паметиме ова трагедија. 

Вратите на историскиот Охрид остануваат ширум отворени за сите туристи, а посебно се секогаш добредојдени нашите пријатели од соседна Бугарија.