Реакција на појавени навредливи пораки во јавноста кон нашите соседи

07 јули 2021

2 јули- Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија го осудува секој говор на омраза, без исклучок, посебно кога неодговорните и непромислени изјави, пораки и квалификации се упатуваат на блиски и соседни држави.

Северна Македонија се залага за интензивирање и продлабочување на добрососедските односи, и се надева дека вакви изолирани и  крајно несоодветни изјави нема да наидат на било какво разбирање кај нашите граѓани.