Османи во Берлин на средби со Мас и Рот

04 октомври 2021

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи, денеска е во работна посета на Сојузна Република Германија, при што оствари средби со својот домаќин, германскиот сојузен министер за надворешни работи, Хајко Мас и германскиот државен министер за Европа, Михаел Рот.
Во фокус на разговорите на средбата меѓу Османи и Мас беа подготовките пред Самитот на ЕУ - Западен Балкан во Брдо кај Крањ, надминувањето на разликите со Бугарија како и најновите внатрешно – политички состојби во нашата земја.

Факт е дека Берлин е најсилен предводник за европската перспектива и на Северна Македонија, како и на целиот регион.  Имаме важен Самит пред нас и поддршката од партнерите како Германија е неопходна, прво и за да ги надминеме разликите со Бугарија за да се одблокира процесот, но и да го вратиме европскиот кредибилитет во регионот, спротивставувајќи се со тоа и на скептицизмот во ЕУ “, истакна Османи.

Средбата со државниот министер за Европа, Рот беше искористена да се реафирмира германската позиција за нашето европско досие, за актуелностите од регионален аспект, но и да се дискутира за следните чекори и реформи, потребни за деблокирање на проширувањето на ЕУ.

„Балканот, географски не е на европската периферија, а заради тоа не смее да биде ниту на периферијата на политичкото внимание. Нашата дипломатија е таргетирана и посветена на себевложување во градењето добрососедски релации, регионална соработка и реализација на визијата за видлива и достижна европска иднина“, нагласи Османи.


  Берлин, 04 октомври 2021 година