Средби на ЗМНР Фатмире Исаки во Шпанија

12 мај 2022

На маргините на Меѓународната Конференција за човекови права, граѓанско општество и против-тероризам, Заменик министерот за надворешни работи, г-ѓа Фатмире Исаки, на 10 мај 2022 година во Малага, имаше средба со Државниот Секретар за надворешни и глобални работи при шпанското МНР, г-ѓа Анхелес Морено Бау.

Исаки и Морено изразија заемно задоволство од интензивниот политички дијалог меѓу Република Северна Македонија и Кралството Шпанија во изминатата година и очекување за натамошно интензивирање на билатералните односи во сите сфери од заемен интерес. Беше истакнато и задоволството од меѓусебна поддршка во различните мултилатерални формати, вклучително и принципиелната поддршка од Шпанија на нашиот пат кон членството во ЕУ, а беше разговарано и за  можностите за блиска соработка и координација за време на претстојното претседавање на нашата држава со ОБСЕ и шпанското претседателство со Советот на ЕУ во втората половина од 2023 година. 

На 11 мај 2022 година во Мадрид, ЗМНР Исаки оствари  средба со Специјалниот Амбасадор за жените во надворешната политика, г-ѓа Мариа Хесус Конде Забала. На средбата беа разменети мислења за прашања поврзани со улогата на жената во надворешната политика и важноста од посуштинско инкорпорирање на родовата еднаквост, како во дипломатијата, така и во процесите на носење одлуки во сите сфери на општеството. Заменик министерката Исаки информираше за првата одржаната Конференција за промоција на родовата еднаквост “Жени во надворешна политика” во Скопје, и за активностите во насока на реализирање на втората ваква Конференција.

 

 

Малага и Мадрид, 10 и 11 мај 2022