Средба Османи - Бурита

13 мај 2022
Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи, за време на престојот во Маракеш, Мароко и учеството на министерскиот состанок на Глобалната Коалиција за борба против ИСИС, оствари средба и со домаќинот мароканскиот министер за надворешни работи, Насер Бурита.
 
Во фокусот на средбата беше соработката во рамки на ОБСЕ Групата на медитерански партнери за соработка - со која оваа година претседава Северна Македонија.
 
Министерот Османи на средбата укажа дека Мароко претставува ценет и значаен медитерански партнер, со простор и можности за унапредување на медитеранското партнерство во рамки на ОБСЕ.
 
Беа разменети мислења и за  заедничкото справување со безбедносните предизвици, почнувајќи од тероризмот, насилниот екстремизам до други транснационални закани, климатски промени и пошироките стратешки предизвици.
 
Маракеш, 12 мај 2022 г.