Средба Исаки -Лилуашвили

13 мај 2022

На 13 мај 2022 година во Скопје, Заменик министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, ФатмиреИсаки,оствари работна средба со амбасадорката на Грузија, со седиште во Софија, Тамара Лилуашвили.

На средбата беа разгледани актуелни прашања од билатералните односи, интензивирани по воспоставувањето на дипломатските односи во 2019 година, како и разменети мислења за соработката во рамки на меѓународните организации.Воедно беше разговарано за безбедносната ситуација во Украина и импликациите за безбедноста во регионот.

За време на средбата беше потенцирана определбата на двете страни за одржување на почести контакти на сите нивоа, со цел зајакнување на политичкиот дијалог и поттикнување на економската соработка.