Средба Исаки- Дир

05 октомври 2022

Денес, заменик министерката за надворешни работи на Република Северна Македонија Фатмире Исаки, оствари средба со новоименувата  амбасадорката на Украина во Скопје, Лариса Дир.

ЗМНР Исаки ја реафирмираше нашата јасна и недвосмислена поддршка за суверенитетот, територијалниот интегритет и неповредливоста на границите на Украина.

Воедно, беше разговарано за билатералните односи на Република Северна Македонија со Украина и традиционалното пријателство меѓу двете земји, како предуслов и основа за натамошната соработка во сите области од заемен интерес.