Средба на Османи со Киммо Лахдевирта

15 мај 2023

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денес, го прими нерезидентниот амбасадор на Република Финска за Република Северна Македонија со седиште во Белград, Киммо Лахдевирта, која ја завршува дипломатската мисија.

Двајцата соговорници ги поздравија одличните билатерални односи кои постојат меѓу двете пријателски земји, изразувајќи заемно задоволство од интензивниот политички дијалог и развојна соработка.

Министерот Османи се заблагодари за активниот ангажман и посветеноста на Финска за одржување на стабилноста и економскиот просперитет на Западниот Балкан, како и за континуираната финска поддршка на европските интеграции на нашата земја и одржувањето на силни партнерски односи со нашата земја во рамки на НАТО. 

На средбата беше дискутирана и руската инвазија врз Украина, ризиците од пошироки импликации на кризата, како и ургентноста од поблиска соработка меѓу Европската Унија и НАТО за сочувување на безбедноста на европско тло. 

По повод завршувањето на дипломатската мисија, министерот Османи му врачи плакета-благодарница на амбасадорот Лахдевирта за неговиот личен ангажман и активен придонес за унапредување на билатералните односи и соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Финска.