СПОДЕЛЕТЕ ГИ ВАШИТЕ РАЗМИСЛУВАЊА ЗА УСЛУГИТЕ ВО ДИПЛОМАТСКО-КОНЗУЛАРНИТЕ ПРЕТСТАВНИШТВА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СТРАНСТВО
Почитувани граѓани,
Министерството за надворешни работи во континуитет работи на подобрување на услугите и зголемување на капацитетите на дипломатско-конзуларните претставништва на државата во странство. Вашите коментари, забелешки или пофалби, можат значително да придонесат во ефикасноста на овој процес.
За секое ваше барање и прашање за кое сметате дека не сте добиле навремен одговор од страна на дипломатско-конзуларно претставништво, или, пак, на дежурниот телефон на Министерството за надворешни работи Global SOS; или сметате дека кон вашето барање е постапено некоректно, ве охрабруваме да го контактирате директно Министерството за надворешни работи во Скопје на линкот подолу. Прашалникот се состои од неколку прашања и истите ќе бидат процесуирани во најбрз можен рок.
Оваа услуга ќе обезбеди во реално време да се пренесат очекувањата на припадниците на дијаспората и нашите граѓани кои се нашле во странство и следствено на тоа, овозможи да се изнајде најдобриот начин за да се одговори на вашите потреби.
Со цел да се овозможи навремена реакција на Министерството и надлежното дипломатско-конзуларно претставништво, молиме да се додаде електронска адреса и/или мобилен број за директен контакт.
Како илустрација, посочуваме неколку примери кога го очекуваме вашиот придонес кон овој процес:
- Ако не сте успеале да остварите контакт
- Ако сметате дека сте чекале предолго во добивањето на одговор;
- Ако воопшто не сте добиле одговор на упатено прашање или сте добиле погрешен одговор;
- иако ви било ветено, не сте добиле одговор/вашата апликација за конзуларна и друга услуга не е решена;
- сметате дека неправично е постапено кон вас од страна на службеник во дипломатско-конзуларното претставништво;
- Ако сте задоволни од услугата и сакате да ја посочите како пример за професионалност
кликни линк за прашалникот:
тел.број: +389 75 446 647 (WhatsАpp, Viber)