Анкета - Дијаспора!


Почитувани,

Целта на овој прашалник е преку вашите одговори, поврзани со Вашата професија, да добиеме соодветен инпут за тоа како може да се подобри односот на Република Северна Македонија кон дијаспората и како дијаспората – и секој нејзин претставник  - може, преку своите специфични знаења и вештини, да даде свој придонес во насока на поголема инклузивност на дијаспората во креирањето на внатрешните политики на земјава.

Убедени сме дека вашите специфични компаративни знаења ќе претставуваат непроценлив инпут во таа насока.

Согласно Националната стратегија за соработка со дијаспората 2019-2023, пристапот на државата во однос на соработката со дијаспората е сеопфатен, за што е добредојденo Вашето ценето мислење, додека Вашите идеи и можно вклучување преку конкретни проекти и ангажман во развојот на земјата, го сметаме за особено важно и добредојдено.

Кликни на линкот за анкетата!

Последно ажурирање: 21 април 2021