Директорат за НАТО и политичко- безбедносни прашања


Директорка: Катерина Ставреска

 

Директоратот за НАТО и политичко- безбедносни прашања донесува годишни планови и извештаи за работата и согласно истите  ги врши и координира активностите и задачите од членството на Република Северна Македонија во НАТО, следи, анализира и информира за политиката, активностите и развојот на НАТО; ги врши и координира активностите и задачите што се однесуваат на надворешно-политичките аспекти од учеството во мисиите и операциите за поддршка на мирот, како и на безбедносната соработка во евро-атлантскиот простор; предлага ставови за актуелни безбедносни прашања и за придонесот на Република Северна Македонија во меѓународните активности за справување со современите безбедносни предизвици; соработува со и ги координира активностите на надлежните институции и органи на државата; дава упатства и инструкции на Постојаната делегација при НАТО и на други претставништва на Република Северна Македонија и ја следи нивната работа; соработува со акредитираните претставништва на државите членки на НАТО во Република Северна Македонија; управува и ја организира работата на секторите и одделенијата во негов состав; ја изработува и спроведува програмата за подготовка на вработените пред упатување во претставништвата; ја оценува работата на организационите единици и претставништвата од негова надлежност; врши и други работи од својот делокруг.  

 

Сектор за следење на политики на НАТО; планирање и следење на операции; и кризен менаџмент

Секторот за политики на НАТО, планирање и следење на операции и кризен менаџмент ги врши следните активности и задачи:

  • Подготвува годишни планови и извештаи за работата;
  • Ги врши и координира активностите и задачите што произлегуваат од членството на Република Северна Македонија во НАТО и го следи спроведувањето на политичките, безбедносните и одбранбените реформи во земјата;
  • Ги врши и координира активностите и задачите што се однесуваат на надворешно-политичките аспекти од учеството во мисиите и операциите за поддршка на мирот, како и на безбедносната соработка во евро-атлантскиот простор;
  • Следи, анализира и информира за развојот и односите во НАТО; предлага ставови за актуелни безбедносни прашања и за придонесот на Република Северна Македонија во меѓународните активности за справување со современите безбедносни предизвици;
  • Соработува со и ги координира активностите на надлежните институции и органи на државата; иницира и предлага упатства и инструкции на Постојаната делегација при НАТО и на други претставништва на Република Северна Македонија и ја следи нивната работа;
  • ја организира и оценува работата на одделенијата во негов состав; врши и други работи од својот делокруг.

Во рамките на овој Сектор се Одделение за клучни стратешки политики на НАТО и Одделение за планирање на операции, одбранбена политика и планирање, соработка во областа на кризен менаџмент.

 

Сектор за политичко безбедносни прашања и соработкана НАТО со други меѓународни организации и земји партнери

Секторот за политичко безбедносни прашања и соработкана НАТО со други меѓународни организации и земји партнери ги врши следните активности и задачи:

  • Подготвува годишни планови и извештаи за работата
  • Ја следи политиката на НАТО спрема непосредното соседство (NATO immediate  neighborhood) и политиката за проширување на НАТО (NATO Open Door Policy) и во рамки на надлежниот Директорат а во соработка со надлежните институции и органи во државата го координира процесот на креирање на национални позиции кон односните земји /прашања
  • Ја следи политиката на НАТО кон земји – партнери во одделни региони (Совет на евро-атлантско партнерство/ Партнерство за мир, Медитерански дијалог, Истанбулска иницијатива за соработка, Азиско-пацифички партнери)
  • Следи и учествува во активности во рамки на соработката на НАТО со други меѓународни и регионалните организации; следи и учествува во активностите во рамките на безбедносната компонента на регионалните организации и иницијативи; следи и учествува во активностите, од политичко безбедносен аспект на  регионалните организации и безбедносни форуми;
  • Следи и учествува во Јадранската повелба за партнерство со САД;
  • Следи и учествува во активностите на регионален план (иницијативата на НАТО за Југоисточна Европа, процесот на соработка на министрите за одбрана од Југоисточна Европа, Центарот за безбедносна соработка во Југоисточна Европа и др.);
  • Иницира и предлага упатства и инструкции за претставништвата и ја следи нивната работа;
  • Соработува со надлежните институции и органи во државата; соработува со акредитираните претставништва во Република Северна Македонија; врши и други работи од својот делокруг.

Во рамките на овој Сектор се Одделение за политичко безбедносни прашања и активности во рамки на регионалните формати на соработка и Oдделение за политичко безбедносна соработкана НАТО со други меѓународни организации и земји партнери.

Последно ажурирање: 08 ноември 2022